Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, околу пладне и попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите се очекува да бидат поинтензивни во форма на невреме со можна појава на град. УВ=6
Утринската температура ќе се движи од осум до 16, а дневната температура од 17 до 28 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, околу пладне и попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе достигне до 13 степени, а дневната до 26 степени.
Во понеделник ќе биде особено нестабилно со пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер. Процесите ќе бидат поинтензивни на запад и на југ, каде што ќе има и почеста појава на град. Во вторник и среда ќе биде малку посвежо со повремени врнежи од дожд претежно во попладневните часови, а условите за нестабилност ќе бидат помали. (МИА)