Во склоп на Скопскиот џез фестивал на 17 октомври, ќе се одржи промоција и презентација на „Cloud Arrangers“ – книга со фотографии на словенечкиот фотограф Жига Коритник, со почеток од 14 часот, во Кино Фросина.
Жига Коритник фотографира музичари од 1987 година. Тој живее и работи во Љубљана, Словенија, каде е редовен гостин на музичката сцена и го документира џез-фестивалот во Љубљана, фестивалот „Друга боба“, концертите во „Цанкариев дом“ и разни други настани низ цела Европа, големи и мали, вклучувајќи го и џез-фестивалот Салфелден, Конорденсен во Никлсдорф, џез-фестивал во Виена во Австрија, Музика Метисис во Ангулеме, Франција, Вомад во Ридинг, Англија и Фестивалот Талос во Руво ди Пугла, Аи Конфини Тра Сардежна Е џез и Музика Суле Боке, Сардежна-Италија и фестивалот Визија во Њујорк.
Од 1996 година е фотограф на скопскиот џез фестивал во Македонија, каде секоја година се објавува календар со неговите фотографии. Во 2001 година тој одржа голема изложба во Музејот на Град Скопје за да ја одбележи 20-годишнината од фестивалот, придружена со книга претежно во која се наоѓаат фотографиите на Коритник.
Влезот за промоцијата е бесплатен.
А. П.