Книгата „Поткултура: Значењето на стилот“ на Дик Хебдиџ ќе биде промовирана на 31 јануари, во 19 часот, во ГЕМ клубот.
Промоцијата ќе биде проследена со дебата, а за книгата ќе говорат режисер и професор Владимир Милчин и теоретичар на културата и активист Славчо Димитров.
„Поткултура“ на Хебдиџ е книга која претставува задолжително четиво за љубопитните умови и критички зналци од различните дисциплини во рамки на општествените и хуманистички науки, но и сите уметници, културни работници и борци за еднаквост и правда.
А. П.