Во издание на „Или – или“, излезе од печат книгата „Маалски прикаски (1+2)“ на нашиот колега, Синиша Станковиќ.
Првото издание на „Маалски прикаски“ (35 приказни/колумни објавени во текот на три години во „Семеен магазин“), беше објавено во 2007, во тираж од 3.000 примероци, од кои најголемиот дел беше поделен на читателите, како подарок, во секој примерок на месечникот.
Книгата „Маалски прикаски (1+2)“ со 65 прикаски (или како што ги нарекува авторот „белешкки на Случајниот Минувач, подготвени како мезе за муабет, во семејното бифе ‘Носталгија’“) ептен и се радувала на средбата со читателите, уште во далечната 2014-та, но потоа, неколку години ја „греела“ фиоката на авторот.
Деновиве, конечно, им е достапна на читателите во книжарницата на „Или – или“ во центарот на Скопје.
Во книгата се објавени и дваесеттина фотографии на тема „Маалски прикаски“, на познатите македонски фоторепортери Ѓорѓи Личовски (ЕПА), Огнен Теофиловски (Ројтерс), Роберт Атанасовски (АФП) Томислав Георгиев („Фокус“) Борис Грдановски (АП) Наке Батев („Вечер“) Маја Златевска (ех „Дневник“) Андреј Гиновски (фриленсер) и Радован Вујовиќ (фриленсер)…
Промоцијата на седмата книга на Станковиќ ќе се одржи во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ), во среда на на 26 јуни, во 20.00 часот.
Како што напиша самиот Станковиќ во најавата за промоцијата, „за и околу книгата и нашите маала (со мало фаворизирање на Крпош-ите) ќе муабетат, читаат/ пеат: д-р Калина Малеска, актерот Драган Спасов Дац, музичарите Петар Ренџов и Ристо Самарџиев…“, сè според „старите добри маалски правила“: дружба, муабет, музика од „нашите времиња“, бифе со ниски цени…