• Latest

Промовирани дополнувањата во „Блупринтот“

July 19, 2017

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Промовирани дополнувањата во „Блупринтот“

July 19, 2017 13:17
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Дополнувањата на „Предлогот за итни демократски реформи“, како надоградба на „Блупринтот“ од јули 2016, денеска беа промовирани на прес-конференција, како патоказ за приоритетите во реформите во наредните 12 месеци.

Документот е потпишан од 73 граѓански организации. ЦИВИЛ – Центар за слобода учествуваше во делот „Избори и изборен систем“ за кој, меѓудругото, како надополнување, се предложија формирање на посебно тело во рамките на ДИК кое ќе биде задолжено за директен надзор над пониските изборни органи, истражување на сите сомнителни случаи на притисоци врз вработените во администрацијата, покренување на обвиненија и спроведување на судски процеси, како и прочистување на Избирачкиот список.

Покрај иницијативата за промени во предлогот на граѓанските организации за итни демократски реформи, денеска се презентираше и предлогот за вклучување на граѓанското општество во консултации со државата, како и начинот на набљудување на прогресот на исполнување на мерките.

Организаторите најавија и тематски брифинзи со медиумите, каде детално ќе бидат презентирани измените во секоја област опфатена со „Блупринтот“.

Областите на јавни политики разработени во документот се: јавни финансии и економија, правосудство, борба против корупцијата, избори и изборен систем, јавна администрација, контрола врз полицијата и агенциите за безбедност и (контра)разузнавање, Собрание, граѓанско општество, социјална заштита, благосостојба и одржливост, образование и младински политики, животна средина, енергетика, култура и здравство.

„Во документот се наведени сите комисии што треба да започнат со својата работа во рамките на Собранието“, изјави Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет, а дополнително Марко Трошановски од Институтот за демократија, изјави дека очекувањата се оти постоечките надлежни комисии во рамките на Собранието, ќе започнат со месечни јавни расправи, според приоритетите што се наведени во „Блупринтот“.

„Овој план цели да даде поттик, насоки и детални активности кои се неопходни за враќање на демократските стандарди и вредности, за постигнување напредок во одредени области од јавните политики, како и за враќање на довербата на граѓаните во клучните државни институции… Промената на власта, сама по себе, беше чекор напред, поради тоа што со одржувањето на кредибилни избори се стави крај на длабоката повеќегодишна политичка криза, но не е гаранција за систематски реформи кои се неопходни за да се надмине состојбата на заробена држава“, сметаат потписниците.

146 претставници од 73 граѓански организации на дводневен форум ги разгледаа минатогодишните предлози и подготвија втора верзија. Во неа, меѓу другото, се предлага и формирање Консултативен совет за имплементација на клучните реформски приоритети на владино ниво, со кој ќе претседава претседателот  на Владата и кој ќе се состои од претставници на надлежните министерства и на граѓанското општество.

Претставниците на иницијативата истакнаа дека во текот на целиот процес, Владата треба да ги почитува принципите на транспарентност, одговорност, вклучување и ефективност.

„Предлогот за итни демократски реформи“ во својата финална верзија се очекуваше денеска во целост да биде достапен на јавноста, но поради технички проблеми, печатената верзија најверојатно ќе биде презентирана на најавените тематските брифинзи.

Б. Јордановска

 

 

 

 

 

Tags: Блупринтграѓански организациипрезентацијареформи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ