• Latest

Промовирани медиумските проекти на ЦИВИЛ Медиа

January 13, 2017
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Промовирани медиумските проекти на ЦИВИЛ Медиа

January 13, 2017 18:33
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На денешната прес-конференција на ЦИВИЛ – Центар за слобода официјално беше означен почетокот на двата медиумски проекта, информативните портали на ЦИВИЛ Медиа: www.civilmedia.mk и www.civilalb.info, со поддршка од „Цивика Мобилитас“ и од донаторите на сите проекти што ги реализира ЦИВИЛ.  

Уредникот на ЦИВИЛ Медиа, Синиша Станковиќ промовирајќи ги двата портала, потенцираше дека новинарите мора да се обидат да ја поправат ситуацијата во медиумската сфера и во журнализмот во Македонија, којшто, според него, е на катастрофално ниско ниво:

„Почитувани колеги и јас да ви посакам добредојде. Денес имам особено задоволство и голема чест, да промовирам нешто што го работиме со години наназад, обидувајќи се да ја спасиме честа на нашата професија, на една професија која е многу убава, но, која за жал, во Македонија е фрлена на најниско можно дереџе во последниве 26 години.

Како организациона, работна единица на НВО ЦИВИЛ – Центар за слобода, ЦИВИЛ Медиа постои од март 2009 година, и за сето тоа време, се обидува да влијае на ситуацијата околу слободата на изразувањето во Македонија, околу слободата на јавно изречениот збор и слободата на медиумите.  Во овие речиси осум години, се продуцирани илјадници содржини, а од летото 2015-та, на нашата страница civil.org.mk, една мала екипа, мешовита, составена од активисти и млади новинари, со поддршка на двајца-тројца поискусни професионалци, досега продуцираше и пласираше околу 5.000 медиумски содржини, текстови, видео содржини и фото галерии. Таа мала екипа, во овие две години, ја изврши задачата, со гордост ќе кажам, многу над моите очекувања. И, таа екипа, треба да се гордее со тоа што го направи, особено поради тоа што се трудевме да ја задржиме рационалноста, балансираноста и објективноста, ако е тоа воопшто моажно во ова лудо време во коешто живееме, и да не бидеме конкуренција, туку ако можеме – помош на колегите во комерцијалните медиуми. Токму затоа и бевме потписник на лиценцата Креатив Комонс (Creative Commons Attribution-NonCommercial-NoDerivatives 4.0 International License), која им овозможуваше на сите медиуми да ги користат сите содржини  објавени на civil.org.mk, јасно со цитирање на изворот. Ние во тоа ги охрабруваме колегите и баравме од новинарите во нивните медиуми да ги користат и пренесуваат деловите од нашите содржини или интегрално.

Таа веб страница веќе од понеделник останува само организационен сајт на НВО ЦИВИЛ – Центар за слобода, на кој и понатаму ќе бидат објавувани соопштенијата на организацијата, и најавувани сите активности од сите проекти кои ЦИВИЛ го спроведува низ Македонија. Значи таму, и понатаму ќе бидат пласирани сите содржини, поврзани со работата на ЦИВИЛ.

синиша - промоција на цивил медиа

Но, покрај тројазичната страница civil.org.mk, на која ги објавува(в)ме нашите продукции, на македонски, албански и англиски јазик, ние во овие две години, паралелно, ги одржувавме и страниците civilmedia.mk, civilalb.info и civil.today, секоја на по еден јазик. Првите две страници, веќе од понеделник ќе бидат новите информативни портали на ЦИВИЛ Медиа, сродни медиумски проекти, со речиси истоветни медиумски продукции на македонски јазик и преведени и на албански јазик, со идеја и со стратегија, двата портала, во догледно време да прераснат во медиуми на македонски и на албански јазик, на кои ќе се објавуваат оригинални продукции на двата јазика.

Екипата и понатаму останува мала, но се надеваме дека објавените содржини ќе ги привлечат и останатите новинари кои имаат желба за соработка, да создаваат теми, сега веќе за civilmedia.mk и за civilalb.info. Овој пат лиценцата ќе биде  Creative Commons Attribution-NonCommercial-NoDerivatives 1.0 International License, што значи дека и понатаму сите медиуми ќе можат слободно да ги пренесуваат нашите содржи со соодветно атрибуирање или кога се во прашање порталите, со хиперлинкови до оригиналниот текст. Ние нема да им бидеме конкуренција на постоечките комерцијални онлајн медиуми, туку наместо компетитивност, како и досега, ќе понудиме комплементарност и кооперативност. И понатаму ќе нудиме се оша што ќе го продуцираме, работејќи чесно, балансирано и објективно, да биде преземено од сите кои имаат интерес за тоа.

Генерално, и понатаму ќе се залагаме и бориме за враќање на Македонија во редот на цивилизираните држави во светот во кои постои слободата на изразување, во кои постои јавно соопштување на слободната мисла, и на крајот на краиштата, во кои постојат слободни медиуми, кави се надеваме, ќе бидат и нашите два информативни портала, кои веќе од понеделник ќе им бидат достапни на граѓанките и граѓаните во македонскиот медиумски простор. Новите портали ќе бидат поразлични од досегашната наша страница, која главно ги „покриваше“ темите од сферата на заштита на човековите права, мониторингот на сите видови избори, социјалната правда, синдикализмот, разоружувањето и борбата против сите видови насилство и заштитата на сите маргинализирани групи и поединци… Двата портала ќе ги обработуваат темите од политичкиот и општествениот живот во Македонија, од културата и ангажираната уметност, и секако, ќе бидат слободна зона, отворен полигон за сите луѓе кои знаат и умеат, кои имаат храброст и сакаат да го изнесат својот став, за како опинионмејкери, колумнисти и аналитичари, да и помогнат на средината во која живеат, на заедницата и на државата…  Сите кои сакаат да понудат нешто ново, некоја промена која ќе не извлече од ова дно на кое не потиснаа, ќе бидат добредојдени!

И, секако, за сите наши читатели и гледачи, кои секојдневно ја посетуваа страницата civil.org.mk, ги повикувам веќе од денес, повторно секојдневно да бидат наши соработници и да ги посетуваат двата „нови“ наши портала civilmedia.mk и civilalb.info! Како и сите други наши медиумски производи како greencivil.mk, посветен на социјалната правда и екологијата, clp.mk, посветен на граѓанското новинарство и на граѓанските новинари, и freedom.mk, посветен на културата и ангажираната уметност, кои, секој на свој начин, покриваат по еден дел од медиумското живеење во Македонија“.

Tags: civil.org.mkcivil.todaycivilalb.infocivilmedia.mkпортали
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ