Кој е стилот на партијата на власт? Одговорот е релативно лесен.
На секое суштинско прашање – за европските интеграции, уставните измени, меѓуетничките односи, дискриминацијата, економските предизвици или врските со авторитарни центри на моќ – ВМРО-ДПМНЕ и институциите што се под нивна цврста контрола, едноставно, не одговараат. Или целосно го игнорираат прашањето со молк, особено ако доаѓа од независни медиуми и јавни интелектуалци, или – кога се работи за соопштенија од опозицијата – одговара со напад. Онака, турбо-фолкерски, без вкус и осет за мерка.
Пропагандните усни на Белата палата се движат, но не излегуваат одговори, туку само напади без аргументи.
Џабир Дерала
ПОЛИТИЧКИ СТИЛ ИЛИ ТУРБО-ФОЛК ПРОПАГАНДА: Избегнување на прашањата и остра реторика без аргументи, ЦИВИЛ МЕДИА, 2 мај 2026
ПОЛИТИЧКИ СТИЛ ИЛИ ТУРБО-ФОЛК ПРОПАГАНДА: Избегнување на прашањата и остра реторика без аргументи













































