Се случи уште еден фемицид, а сите надлежни институции кои со години игнорираат, минимизираат или релативизираат насилство врз жените се виновни – полицијата, центрите за социјална работа, обвинителството, судовите, па дури и образовниот систем. Наместо да промовира родова еднаквост, солидарност и емпатија, образованието директно придонесува кон креирање на сексисти и насилници, истакна Калиа Димитрова од феминистичкиот портал „Медуза“ пред Министерството за внатрешни работи, каде денеска се одржа протест по случајот со двојното убиство и самоубиство во Велес. На 15 септември 2025 година, Р.К. (31) од Велес беше убиена од поранешниот партнер И.С. (39) од Скопје, кого неколку пати го пријавувала за насилство.
Марта Стевковска од мрежата „Стела“ повика на институционална одговорност, санкции и формирање независна истрага.
Организатор на протестот е Хелсиншкиот комитет за човекови права и други невладини организации.
Протестот заврши кај паркот „Жена борец“, а учесниците извикуваа: „Ниту една повеќе!“ и носеа транспаренти со пораки како „Од непостапување – до погребување“, „Не врти глава пред насилство“, „Жените сакатаат да бидат безбедни, дома, во школо, на работа, насекаде“ и „Сите ние сме Росица“.
Полицијата го обезбедуваше протестот, односно ја блокира улицата пред Собранието на Република Северна Македонија.
Протестот заврши околу 19 часот кај паркот „Жена борец“.
Фото: Дехран Муратов / ЦИВИЛ