• Latest
Фото: Фејсбук архива ЛГБТИ Мрежа

Протест против одговорот на ОЈО за нападите врз ЛГБТИ активистите: „Има ли предрасуди во (не)постапувањето на Обвинителството“

November 25, 2021
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
Скриншот од видео на ABC7

Стотици летови откажани во САД поради затворањето на владата

November 7, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Акционерите на Тесла одобрија рекорден пакет плати од 1 трилион долари за Елон Маск

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Албанскиот Парламент го усвои законот за родова еднаквост

November 7, 2025

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

November 7, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Протест против одговорот на ОЈО за нападите врз ЛГБТИ активистите: „Има ли предрасуди во (не)постапувањето на Обвинителството“

November 25, 2021 18:15
in ВЕСТИ, ПРАВДА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото: Фејсбук архива ЛГБТИ Мрежа

Фото: Фејсбук архива ЛГБТИ Мрежа

Share on FacebookShare on Twitter

Прес-конференција и протест против одговорот на Основното јавно обвинителство (ОЈО) за нападите врз ЛГБТИ активистите ќе се одржи на 29.11.2021 во 11 часот пред ОЈО, во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија (НМХТ).

– Цели седум години по насилничкиот напад во Дамар за време на роденденот на ЛГБТИ Центарот за поддршка, Јавното обвинителство деновиве достави, благо речено, СРАМЕН ОДГОВОР на поднесената кривичната пријава, наведувајќи дека не располага со технологија за распознавање на лицата кои се снимени како го вршат нападот., истакнуваат од НМХТ

„Девет години по нападот врз ЛГБТИ Центарот во Старата скопска чаршија, сѐ уште немаме НИКАКОВ ОДГОВОР од обвинителството.

Нема НИКАКОВ ОДГОВОР и за три други напади насочени кон ЛГБТИ заедницата, а мотивирани од предрасуди, нетрпеливост и омраза.

Овој дрзок и непрофесионален однос од институција која би требало да обрнува посебно внимание на злосторствата извршени од омраза, нѐ остава со неизбежното прашање – не дали, туку кого штити обвинителството? Дали има одредени групи и поединци за кои не смее да се постапува? И дали има одредени групи, како што се социјално маргинализираните, ЛГБТИ лицата или жените-жртви на сексуално насилство, кои практично немаат никаква заштита од обвинителството и честопати се подложени на двојна виктимизација токму од страна на институциите.

Заклучокот од (не)постапувањето е дека ЈО има разбирање за насилниците, а не и за жртвите. Дека ова тврдење не е претерано, говорат и други случаи кои периодов се актуелни во јавноста, а се поврзани со гонење на сторители на сообраќајни несреќи со смртен исход, случаите на насилство врз жени, како и случајот на сексуално возмнемирување на жени „Јавна соба“ и т.н. „Ромска јавна соба“. Кривичните дела, пак, поврзани со говор на омраза, практично не ни постојат во делокругот на обвинителството, и покрај законската обврска за нивно процесирање.

Ова не е прва реакција на граѓанските организации за работата на обвинителството, но со оглед на немањето слух и отсуството на промени во дејствувањето, нема да биде ни последна. Сметаме дека недовербата на граѓаните во системот и вкупната состојба со владеењето на правото, во голем дел се должи токму на потфрлувањето на обвинителските органи да ја извршуваат својата надлежност доследно и професионално.

Оттука, го повикуваме Советот на јавни обвинители поригорозно да ја следи работата на јавните обвинители и да биде поактивен во утврдувањето на нестручно и несовесно вршење на функцијата. Обвинителството е клучна алка во системот и без коренити промени во овој дел, залудни се надежите за поширока општествена промена која ќе значи еднаквост на сите граѓаани пред законите и еднакво третман на сите луѓе во општеството.“, се вели во најавата на протестот во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ