Архиопископот Иеронимос во Грција по состанокот со премиерот Алексис Ципрас, изјави дека „во овој момент нема потреба за протести за името Македонија“. Ова е една директна порака до митрополитот Антимос, кој е националист и цело време прави проблеми, не само со Македонија туку и со други држави.
Властите во Грција се согласни дека сите треба да имаат усогласени ставови во врска со името и дека сега е вистински момент да се најде решение.
Навивачите на фудбалскиот тим ПАОК од Солун, никако не сакаат да прифатат решение во кое името на земјата ќе го вклучува терминот Македонија и се подготвуваат да протестираат. Се очекува да се одржат протести во Солун на 21 јануари, кои ги организира митрополитот на солунската црква, Антимос. Властите во Атина на навивачите им упатија јасна порака да не се мешаат во уредувањето на надворешната политика на Република Грција.
Од друга страна имаме 5 предлози за ново име на Македонија кои доаѓаат од медијаторот Метју Нимиц. Атмосферата во Грција во овој момент е многу слична на онаа во Македонија. Истите разговори, на различен јазик, се водат и во кафеаните низ Македонија и низ Грција.
На www.onomasia.gr има петиција на која Грците се повикуваат да се изјаснат дека Македонија е грчка и дека нема да дозволат да се смени името. Никој не знае чија е оваа веб страница.
Александрос Стаматиу
специјално за ЦИВИЛ Медиа
(Авторот е фото-репортер од Грција)