• Latest

Протести и герила акции низ Македонија

May 9, 2016
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Протести и герила акции низ Македонија

May 9, 2016 15:11
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Протести низ цела Македонија и повеќе герила акции ги одбележаа изминатите денови. Со иновативна герила акцијa и Валандово се запиша на долгиот список на градови каде граѓанките и граѓаните секојдневно го изразуваат својот револт против владејачката гарнитура. 

По најавата за доаѓање на претседателот Ѓорге Иванов во посета на неговото родното Валандово и манастирот Св. Ѓоргија, членови на младинската организација Мугра од овој град го поздравија со графити.  Преку графитите валандовчани порачаа: “Оставка”, “Убијци”, “Шутка не ти бега Никола”, “Убиство не се крие, крв од раце не се мие”.  Графитот кој што беше наменет лично до нивниот сограѓанин гласеше: “Хорхе, Валандово се срами од тебе”.

13138787_10209710268381234_5683618131196261113_n
Валандово, 6 мај 2016

Според информациите од долгорочниот набљудувач на ЦИВИЛ од Валандово, за графитот испишан на зградата на Домот на културата, полицијата поднела пријава против непознат строител.

струмица
Струмица, 7 мај 2016

Транспаренти со различни пораки, викендов беа поставени и во Струмица, пред почетокот на саботниот протест. И овој протест го предводеше автомобил во кој бил поставен фикусот ,,Хорхе”.

струмица 1
Струмица, 7 мај 2016

На протестот, демонстрантите извикуваа: „Оставка”, “Нема правда, нема мир”, Уааа мафија” и фрлаа балони со различна боја по плакатите на претседателот Ѓорѓе Иванов и Никола Груевски.

13199014_10209601716502461_1956838570_o
Велес, 6-ти мај 2016

Десеттиот протест по ред во Велес, како и сите претходни, помина мирно, без инциденти и насилство. Според долгорочниот набљудувач на ЦИВИЛ од Велес, на плоштадот С’рмаале, беа прочитани барањата на #Протестирам.

Контра-протестот во организација на ГДОМ, се одржа пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Полицискиот кордон, беше поставен меѓу двете групи демонстранти, со цел да се спречат судири и насилство. На контра-протестот  зборуваше Елица Николова, директорка на Музејот во Велес.

13162356_1341920899156356_1763637472_n
Битола, 7 мај 2016

На протестот во саботата во Битола, демонстрантите поддржувајќи ја “Шарената револуција”, во различни бои го обоија споменикот на Филип Втори, поставен на плоштадот Магнолија. Од таму, битолчани се упатија, кон  канцеларијата на претседателот Иванов во Битола, и кон Основниот суд во Битола, кои исто така беа обоени во боите предвидени за јавните институции кои се дел од  криминалната мрежа на владејачката партија.

13128838_10154196357727430_922482245_o
Битола, 8 мај 2016

Демонстрантите побараа ослободување на сите антивладини демонстранти. Протестот заврши пред зградата на Општина Битола, каде демонстрантите ги повторија барањата. Кај Офицерскиот дом, на другиот крај на Широк Сокак,  се собраа граѓаните што ја поддржуваат власта, во организација на движењето ГДОМ. Тие бараа одржување на избори на 5 јуни, како единствен начин за излез од политичката криза.

битола недела 2
Битола, 8 мај 2016

Покрај тоа што недела е единствениот ден кога не се организираат про-демократските протести низ Македонија, битолчани повторно ги истакнаа своите барања, низ улиците во градот. Пред зградата на Општина Битола, поставен беше контејнер, со натпис: Гдомот на градоначалникот.

кочани
Кочани 7 мај 2016

Во саботата, повторно протести и контра-протести во Кочани: две групи, со различни барања, но без простор за судири и насилство.

ресен
Ресен, 6 мај 2016

“Шарената револуција” по втор пат во Ресен. Демонстранти се упатија кон Основниот суд, кој беше опсипан со јајца. Ресенчани, веејќи македонски, албански и турски знаминња, продолжија кон зградата на Општина Ресен, каде беа пречекани од специјалните единици на полицијата. Демонстрантите беа „вооружени“ со боја и јајца кои ги фрлаа на зградата на општината. Истовремено, пред спомен куќата на др. Христо Татарчев, во организација на ГДОМ, се одржа контра-протест.

Протестите продолжуваат и денеска, во десет градови, меѓу кои и Берово, кој за прв пат се приклучува на “Шарената револуција”.

Tags: герила акцијаграфитизнамињаМакедонијаполицијаПротестЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ