• Latest
Добро утро со Орданоски

Протести на екипата за парастос

February 28, 2018

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Протести на екипата за парастос

February 28, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]Н[/dropcap]а вчерашниот протест на неколку илјади граѓани во центарот на Скопје, се побараа следните работи: итен прекин на преговорите за името со гласање на декларација во ООН за тоа; поништување на Договорот за добрососедство со Бугарија; ослободување на притворените за насилијата од 27 април; повлекување на сите обвиненија за тие настани од страна на Обвинителството и од страна на повредените во настаните; повлекување на Законот за јазиците од собраниската процедура… Доколку овие барања не се прифатат, се побара самораспуштање на Собранието и свикување на вонредни парламентарни избори.

Жал да ти падне какви лузери се луѓево. До толку, што дури и ВМРО-ДПМНЕ се дистанцира од нив. Оставени се сами на себе, напуштени и предадени, завеани во снежно невреме, и во духовна и во политичка и во климатска смисла. Политичките барања им се како на деца од четврто одделение, составени за време на голем одмор. И тие самите не веруваат во смислата на тоа што го бараат, ама имаат некој чемер во душата, им треба малку терапија на чист и студен воздух, бидејќи се уморни од докажувањето на библиската вистина на фејсбук. Затоа, седнале и направиле, веројатно на салфетка, кафеански попис на моментната македонска националистичка желботека, меѓу две храбрења со здравиците „Да живее Македонија!“.

Пописот е малку конфузен, бидејќи ги меша идентитетските прашања (име, јазик, Договор со Бугарија) со чисто крвави криминални настани во земјата (27 април), но кај нив крвта и земјата се суштината на идентитетот.

После протестот, списокот од барања ќе го доставеле до сите македонски врвни државни институции, кои ги повикуваат да се самораспуштат, и до странските амбасади, кои ги обвинуваат дека се учесници во меѓународниот заговор против Македонија.

Да се расплачеш. Да не го запалеа грчкото знаме, не ќе имаше ни за што значајно да ги споменеш во вести.

Тоа се македонските иредентисти, оваа редовна екипа за национални погреби и парастоси, од кои дел од грчката јавност е толку потресен да не тргнат територијално да ги освојуваат.

Само, не разбирам, што бара Антонио Милошоски меѓу демонстрантите, кога јасно го слушнавме како е дел од пазарењата за промена на името што пред неколку години ги водела владата на Груевски? Толку ли е изгубен на маргините на својата партија што спадна Тодор Петров да му биде политичко друштво?

Сè на сè, и по овие протести станува појасно дека Македонија е политички подготвена за компромис со Грција околу името – дајте само добар пакет со решенија, па да одиме понатаму. Оти, имено, за опстанокот на идентитетот ни се работи.

 

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 12 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Tags: 27 априлАнтонио МилошоскиГрцијаза жалењеиредентизамМакедонијанационалистиПротестТодор Петров
Share268TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ