• Latest

Протести во Битола, Тетово, Гевгелија, Велес и Куманово

May 5, 2016

Осум американски држави го тужат OpenAI: Што е факт, а што е недокажано обвинение?

October 15, 2026
Христијан Мицкоски (фото извор: ФБ / Христијан Мицкоски)

Мицкоски и Апасиев во костец со навреди и наводи за семејни бизниси, тендери и партиски донации

October 14, 2026

25 години климатски промени: Како планетата станува потопла, а животот во градовите сè потежок

October 14, 2026

Избори во Србија: Притисоци, инциденти и сомнежи за поткуп и „фантомски гласачи“

October 14, 2026
Кијив, 14 октомври 2026

Руски ракетен терор врз домовите и електраните: Четворица загинати во Кијив, стотици илјади без струја по руските напади

October 14, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити? (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

Груби излезе од куќен притвор, пасошот останува одземен – судењето за „Лотарија“ продолжува

October 14, 2026

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Протести во Битола, Тетово, Гевгелија, Велес и Куманово

May 5, 2016 12:07
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Протестите во Битола продолжија и синоќа. Демонстрантите од плоштадот Магнолија, повторно се упатија кон општинската зграда, каде побараа оставка од градоначалникот Владимир Талески и повлекување на аболицијата од претседателот Ѓорге Иванов.

13173482_10154117262468618_8659601266606701458_o
Битола, 4-ти мај, 2016

Дел од групата демонстранти, со транспаренти  „Маските долу“ и „Честито аболиција“, организираа герила акција пред Народниот театар, каде требаше да пристигне градоначалникот Талески  на отворањето на Фестивалот на монодрама. Честитката која ја подготвија групата битолчани, како што за ЦИВИЛ информираат граѓанските набљудувачи од овој град, не беше доставена до него, затоа што тој воопшто не се појавил на главниот влез, односно обидувајќи се да ја избегне средбата со демонстрантите, на отворањето, влегол на некој од споредните влезови.

Во исто време, пред Офицерскиот дом, контра-протест одржа  Граѓанското движење за одбрана на Македонија-ГДОМ.  Протестите траеја околу еден час и завршија без инциденти. Протести најавени се и за денеска.

13161436_10153769819983740_1746097368_o
Тетово, 4-ти мај 2016

“Шарената револуција” продолжи и во Тетово. Како што известуваат набљудувачите од теренот, повеќе ијади граѓанки и граѓани на мултиетичното Тетово, протестираа низ тетовските улици и бараа повлекување на аболицијата, оставка од председателот Иванов, одложување на изборите и изрази ја поддршка за работата на СЈО . Демонстрантите ги скандирале имињата на специјалните обвинителки Катица Јанева, Фатиме Фетаи и Ленче Ристоска. Протестот започнал пред Основниот Суд во Тетово, продолжил по улицата каде се наоѓа седиштето на  Општина Тетово, за на крајот да заврши пред канцаларијата на Иванов.

d5caea29-71fe-4b02-b554-0912b04fced7
Гевгелија, 4-ти мај 2016

Два протести синоќа и во Гевгелија. Едниот организиран од граѓанското движење Протестирам, а контра-протестот во организација на ГДОМ.

Повеќе од 1.000 граѓанки и граѓани  од движењето Протестирам,  се собрале пред пензионерскиот дом во Гевгелија за да го искажат својот револт од одлуката на Иванов за аболиција, се вели во информациите кои ЦИВИЛ ги добива од Гевгелија.  Од пред Пензионерскиот дом демонстрантите  се упатиле пред гевгелискиот Основен суд.

“На само педесет метри ги пречека кордон од полиција која им го поречи слободното движење и правото на протест на демонстрантите. Одејќи по околните патишта и сокаци граѓанките и граѓаните, успеаа да ја заобиколат полицијата и дел од нив се најдоа пред дворот на Основниот суд. Останатиот дел беа запрени, но подоцна пуштени”, стои во извештајот од овој град. Во близина на Основниот суд, се наоѓа зградата на Општина Гевгелија, каде била собрана групата контра -демонстранти. Двата кордона од полиција кои биле поставени спречиле судир меѓу двете групи.

13120717_10209587373703900_2050477344_o
Велес, 4-ти мај 2016

Граѓаните и граѓанките на Велес, протестираа по деветти пат. Протестот и овој пат започна од пред кружниот тек кај Авона. Како што информира набљудувачот на ЦИВИЛ од Велес, демонстрантите се движеле во центарот на градот, покрај кафе баровите во Велес. Протестот завршил на плоштадот С’рмаале, каде повторно биле прочитани седумте барања на граѓанското движење Протестирам.

Истовремено, пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ,  имаше контра-протестанти во организација на ГДОМ. Поставен бил кордон од десетина полицајци помеѓу двете групи кои беа на раздалеченост од педесетина метри.

Денеска протест во Велес нема да има, поради  христијанскиот празник Источен петок – Балаклија. Од граѓанското движење најавија дека ќе продолжат во петок и  ќе протестираат секој нареден ден, до конечното исполнување на нивните барања.

куманово
Куманово, 4-ти мај 2016

Пред Основниот суд во Куманово повеќе од 1.000 граѓани, синоќа протестираа по седми пат. Како што стои во извештајот кој ЦИВИЛ го доби од Куманово, демонстрантите скандираа “Грујо оди си,” ,”Нема правда нема мир”, “Оставка”… Демонстрантите се движеле низ централните кумановски улици, додека на улицата ,,11 Октомври” фрлале голем број на кесиња со разни бои како поддршка на “Шарената револуција”.

 

Tags: герилаизбориконтра протестМакедонијаПротестЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ