• Latest

Провиден „анонимен“ национализам затскриен зад патриотизмот!

July 11, 2018
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Провиден „анонимен“ национализам затскриен зад патриотизмот!

July 11, 2018 15:55
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Смртта на младиот Никола Саздовски кој им подлегна на повредите по претепувањето од пред неколку дена, ги разгоре страстите и меѓуетничката нетрпеливост, кои и така беа кревки. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ не ја пропушти можноста да се појави на вчерашниот протест пред Собранието каде што неговите блиски, роднини, пријатели, Комити…, запалија свеќи и му одадоа почит со молчење и без скандирање.

Мицкоски запали свеќа, го соблече вардаровиот дрес и го остави пред фотографијата на Саздовски. Истиот Мицковски пред само неколку дена побара амнестија за напаѓачите на Зијадин Села од 27 април во Собранието. Села за разлика од Саздовски успеа да ја добие битката со повредите и по неколку дена да излезе од болница, иако беше во тешка и ризична состојба.

Дали Мицковски сè уште стои на ставот дека треба да се амнестираат лица кои претепуваат некого затоа што е од друга етничка припадност, со образложение дека го направиле тоа од патриотски причини?

Хушкачите не ја пропуштија можноста да ги подбуцнуваат граѓан(к)ите да се одмаздуваат за смртта на, за како што велат – Македонецот Саздо.

Некои медиуми и јавни личности вешто манипулираа(т) со јавноста дека МВР сакаше да го заташка случајот, без да напоменат дека во полицискиот билтен имаше информација дека: „На 29.06.2018 година во времето од 17,30 до 17,40 часот во Скопје на автобуската постојка на булевар „Александар Македонски“, од страна на три непознати машки лица (кои излегле од патничко моторно возило „Мерцедес“) физички бил нападнат Н.С.(21) од Скопје. По физичкиот напад лицата со возилото го напуштиле местото на настанот. Н.С. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза”. По преземени мерки, две лица се приведени во Полициска станица Кисела Вода поради сомнение дека се можни сторители на кривичното дело. Се работи на целосно расчистување на настанот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок“.

Вакви информации за тепачки и инциденти има секојдневно во полициските билтени, и за медиумите и особено за обичниот граѓанин ништо не значат иницијалите на нападнатите или напаѓачите. Информацијата за претепаниот Саздовски се прошири откако навивачката група „Комити“ соопштија дека нивен член бил претепан. Комитите велат дека убијците на нивниот другар се од друга етничка заедница, меѓутоа ниту тие, ниту МВР, а ниту медиумите кои имаат „ексклузивни“ информации за случајот, не кажаа која е причината за тепачката, која за жал резултираше со смрт на младо момче.

Веднаш по смртта на момчето, Миленко Неделковки омилениот гласноговорник на претходната власт предводена од Никола Груевски, на својот Фејбук профил напишал: „Саздо не е шиптар, не беше шарен, не беше ниту педер или наркоман. Саздо само си беше Комита, патриот и Македонец. Тоа значи дека за сороспиите, невладините, Џес Бејли, Самуел Жбогар и слични кретени, Саздо не е човек… Да си знаете, Господ ќе врати, ако сме ние неспособни. А тогаш, на вашите фамилијарни трагедии јавно и гласно ќе се ситам. Нема да имам милост. Да даде Господ да ви се случи ќерката на Бранко Тричковски и синот на Ацо Кабранов. Гадови. Се ќе платите“.

 

Порталот Инфомакс објави „анонимно“ писмо потпишано од некој Комита во кое пишува дека убиството на Саздовски е поврзано со Договорот за името.

„Ордите под закрила на власта, кои не беа едно-етнички беа пуштени во лов на Комити, а една од тие „контролирани акции“ заврши трагично по животот на нашиот другар Саздо. Да. Ордите не беа само од една етничка група, туку за жал, беа водени позадински од удбашко подземје кое посочуваше со прст на секој од нас на кој требаше ордите да удрат. Целта беше висока, да се замолчи јавноста која беше против „историскиот договор“, и затоа сите средства беа оправдани“…

„Анонимниот Комита“ убаво го срочи писмото, готвено во некоја кујна која има за цел да шири националистички пораки, затскриени под  превезот – патриотски ставови. Проѕирна е „анонимноста“!

Специјалната единица Волци на АРМ, на својот Фејсбук профил напишаа: „Во чест на прерано згаснатиот живот на Никола Саздовски, почивај во мир. Од негови блиски дознаваме дека од мали нозе ја носел Единицата во срце. Секогаш за Македонија и секогаш за Волците. Во негов спомен ја објавуваме оваа фотографија. Вечен спомен…

Под објавата, во дел од коментарите некои граѓани повикуваа(т) на „второ полувреме“ на конфликтот од 2001 година и конечно Македонија да биде само на Македонците!

Наместо македонското општество да е едногласно и да бара неселективна правда, всушност тоа е многу поделено. Додека едните се обидуваат да ја амортизираат состојбата и да ги притискаат институциите да превземат мерки за целосно расчистување на случајот и да се направат анализи каде потфрлија, други забрзано работат на ширење на лажни и искривени информации со цел да дојде до меѓуетнички, меѓурелигиски и меѓунавивачки конфликти.

Национализмот не носи ништо добро и продуктивно. Имаше една парола: Говорот на омраза – убива. Навистина уби млад човек! Време е ние граѓаните да го искорениме и уништиме говорот на омраза, а надлежните институции да ги санкционираат сите кои повикуваат на омраза, инциденти, пресметки…, да одговараат пред лицето на правдата.

Дехран Муратов

Tags: КомитинационализамНикола СаздовскипатриотизамПротестХристијан Мицкоски
Share77Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ