„Ми претставува големо задоволство во мое лично име и во име на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија да ви посакам добредојде во Охрид и во Република Македонија и да ви се заблагодарам за посветеноста на службата во која што работите, затоа што благодарение на вашата професионалност ние политичарите можеме да го правиме она што треба да го правиме без постојан страв од непредвидена ситуација“, рече министерот Оливер Спасовски во своето обраќање на отварањето на Првата меѓународна научна конференција „Обезбедување на личности (ВИП и ВВИП), која се одржува од денеска до четврток, во Охрид.
Спасовски додаде дека мора да се фокусираат кон натамошна изградба на флексибилен, ефикасен, технички модернизиран концепт на безбедност на институционално ниво, способен првенствено валидно да евидентира, анализира и проценува закани, но и на воспоставување на мулти-институционален систем за соодветен одговор кон истите.
Во оваа наша работа – борбата против криминалот, тероризмот, фанатизмот, се соочуваме и со најгрозоморните, непоимливите начини на дејствување на човекот. Но не смее да попуштиме. Заканите кон безбедноста се менуваат секојдневно, а тоа само по себе бара инвентивност во смисла на изнаоѓање на нови методи и техники, но и задржување присебност во моменти кога се чини дека е тоа невозможно“, рече министерот.
Тој потенцираше дека Министерството за внатрешни работи во овие година дена по формирањето на новата влада започнала сериозна реформа во службата за обезбедување на личности и објекти и ги направила сите напори за да може да одговори на секој предизвик.
А.П.