• Latest
Првата дама на Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска

Првите дами, Ѓоргиевска и Зеленска: Северна Македонија ќе продолжи да ја поддржува и да ѝ помага на Украина

August 27, 2022

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Првите дами, Ѓоргиевска и Зеленска: Северна Македонија ќе продолжи да ја поддржува и да ѝ помага на Украина

August 27, 2022 11:18
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, КОНТЕКСТ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Првата дама на Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска

Првата дама на Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска

Share on FacebookShare on Twitter

Првата дама на Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска, во петокот водеше видео разговор со Првата дама на Украина, Олена Зеленска, објави Кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски.

Првата дама на Украина, Олена Зеленска

Ѓоргиевска ја реафирмираше поддршката од Северна Македонија и потенцираше дека државата ќе направи сè што е во нејзина моќ со цел помош на Украина во различни области, почнувајќи од прифаќањето бегалци, хуманитарна помош, како што веќе се реализира со Црвениот крст, како и помош во воена опрема.

„Ќе направиме сè што е во наша моќ. Образованието е еден од најважните сегменти и ќе продолжиме да обезбедуваме соодветна интеграција на украинските деца бегалци во образовниот систем“, посочи Ѓоргиевска. Во таа насока, Првата дама потенцираше дека Северна Македонија е подготвена за обезбедување на соодветна здравствена и социјална помош за ранливите категории на бегалци, за лицата со попреченост, како и за студентите и новинарите. Во тој контекст, земјава веќе има обезбедено 15 места за прифаќање на деца со онколошки проблеми од Украина, додаде Ѓоргиевска во разговорот со Зеленска.

Ѓоргиевска изрази надеж дека кризата во Украина ќе биде надмината час поскоро, и украинските бегалци безбедно ќе се вратат во своите домови, дека државата ќе може да се посвети на својот повторен развој и обнова, и ќе продолжиме со унапредување на нашите меѓусебни односи и соработка.

Ѓоргиевска и Зеленска разменија информации за продолжување на натамошната соработка во однос на реализација на хуманитарни и социјални проекти, со цел надминување на кризата во Украина, како и за можноста за печатење на книги и учебници за децата бегалци, и помош во обезбедување на амбулантни возила.

Првата дама на Украина, во разговорот се заблагодари на Првата дама на Северна Македонија за севкупната досегашна поддршка од Северна Македонија, од политички, воен и хуманитарен аспект и изрази надеж дека истата ќе продолжи и во иднина.

Зеленска упати благодарност за учеството на Ѓоргиевска на Вториот самит на првите дами и господа, што се одржа минатиот месец на тема „Украина и светот: Иднината која (повторно) ја градиме заеднички“, и кој беше посветен на повоена обнова на Украина и обновување на човековиот потенцијал.

На Вториот самит првите дами и господа, иницијатива на Зеленска, учествуваа 23 први дами од светот и педесетина влијателни личности, лидери на држави и претставници на меѓународни организации, а беа донирани средства за повоена обнова на Украина, помош на украинскиот народ и обнова на човековиот потенцијал.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ