• Latest

Презентација на публикацијата „Ние сме медиумите!“

November 2, 2016

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Презентација на публикацијата „Ние сме медиумите!“

November 2, 2016 16:26
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

„Ние сме медиумите!“ е двочасовна мултимедијална презентација на проектот „Граѓански објектив“ што ќе се одржи в петок, 4 ноември, во Младинскиот културен центар (МКЦ), на катот над кино „Фросина“, со почеток во 11:00 часот.

„Граѓански објектив“ е проект во чии рамки граѓанските новинарки и новинари снимија и објавија десетици видео изјави, фотографии и текстови за бројните злоупотреби и кршењето на човековите права во изборен контекст и пошироко.

На оваа мултимедијална презентација ЦИВИЛ – Центар за слобода ќе ја промовира публикацијата „Ние сме медиумите!“ во која се поместени искуства, извештаи и извонредни текстови на автори кои пишуваат за слободата на изразувањето, за трансформацијата на медиумите, за македонските состојби, за историјата на граѓанското новинарство…

Публикацијата ќе биде објавена на македонски, албански и англиски јазик во печатена и електронска форма на онлајн каналите на ЦИВИЛ.

Исто така, ЦИВИЛ објавува и истоимено електронско издание на ДВД кое, освен публикацијата на трите јазици, содржи и 45 видео-прилози, фотографии и текстови на наградените прилози на граѓанските новинарки и новинари од целата земја. На презентацијата ќе биде отворена и изложба со фотографии од граѓански новинари и од проектот.

Посетителите ќе имаат можност да добијат бесплатни примероци од публикацијата, ДВД, беџови, да ја проследат изложбата и да се запознаат со условите за учество во проектите на ЦИВИЛ, посветени на граѓанското новинарство и на изборното набљудување.

Поканети се добитниците на наградите, предавачите на семинарите за обуки, медиумите, претставниците на граѓанските организации и сите заинтересирани граѓанки и граѓани.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: граѓански новинарГраѓански објективМакедонијаМедиумиПубликацијаЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result