• Latest

Песков: Различните оценки за нападите врз Сирија не ги разделија Русија и Турција

April 16, 2018
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Песков: Различните оценки за нападите врз Сирија не ги разделија Русија и Турција

April 16, 2018 15:22
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Различните оценки за нападите на САД, Велика Британија и Франција врз Сирија не претставуваат разидување меѓу Русија и Турција и нема да ги наруши плановите за натамошна соработка меѓу Москва и Анкара, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Нападите не ги разделија Русија и Турција, нагласи Песков, коментирајќи ја изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека поради нападите дошло „до разидување меѓу Анкара и Москва“,

Песков потенцира дека не е тајна оти по многу прашања позициите на Москва и Анкара се различни, но дека тоа не им пречи да продолжат да разменат ставови по разни теми и да разговараат за разликите кои ги имаат по одредени прашања.

– Она што е најважно е дека тоа во никој случај не влијае врз понатамошните планови за развој на соработката и интеракцијата во реализацијата на големите економски и други проекти, рече Песков.

Претходно, турскиот вицепремиер Бекир Боздаг, коментирајќи ја оценката на Макрон рече дека Турција не е на ничија страна кога е во прашање Сирија.

– Турската политика кон Сирија не е да биде со некого или да биде против некого. Нашата политика е јасна, Ние сме на страната на правдата и на тоа што е исправно, порача Боздаг.

Тој нагласи дека Турција е против поддршката што некои земји, како Русија, и ја даваат на „режимот во Сирија“, но и против поддршката што САД и другите западни земји им ја пружаат на „терористичките организации“, како што се Силите за заштита на народот на Сириските Курди.


Извор: МИА

Tags: Велика БританијаДмитриј ПесковКурдиРусијаСАДСиријатурција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ