• Latest

Пет места на кои во 2018 година би можело да избие војна

December 18, 2017

Дерала, Касале и Џозеф од Рим: Демократијата мора да се брани – со обединета Европа против војната, национализмот и авторитаризмот

October 2, 2025

Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

October 2, 2025
Фото: Веб-страна на претседателот на Украина

Зеленски: На Европа ѝ е потребна политичка волја да дејствува и да ги прекине врските со Русија

October 2, 2025

(ВО ЖИВО) ЦИВИЛ со промоција на книгата „Одбрана на демократијата и човековите права – Од препораки кон акција“ во Рим

October 2, 2025
Фото: Скриншот од видео на DawnNews English

Штрајк со глад започнаа дел од грчките активисти од флотилата „Глобал Сумид“, кои се задржани од израелските власти

October 2, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц: Решени сме да ги користиме замрзнатите руски средства за да ѝ помогнеме на Украина

October 2, 2025

24 ЧАСА: Старт на изборите со општински долгови од 64,7 милиони евра; спорот со Бугарија ќе се решава догодина; лажни дојави за бомби во српски училишта

October 2, 2025
Foto: Wikimedia Commons

Српската полиција изврши проверки во дел од училиштата, дојавите за бомби се лажни

October 2, 2025

Муртезани: Мицкоски и Владата подготвени за решавање на спорот со Софија по изборите

October 2, 2025

Странд: Северна Македонија да ги усвои уставните измени, се надевам нема да има билатерални прашања што ќе го попречат процесот на проширување

October 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Пет места на кои во 2018 година би можело да избие војна

December 18, 2017 10:00
in СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Танјуг – Белград

Светот останува многу опасно место, а дипломатската конфузија на Администрацијата на Доналд Трамп само придонесува за создавање на неизвесност во светот во поглед на американските намери и способности, оценува американскиот магазин „Нешенел интерест“ (НИ), во кој се посочени пет кризи кои во 2018 година би можеле да предизвикаат судир на големите сили.

„Светот успеа да се провлече низ поголемиот дел од 2017 година без катаклизмички судири на големите сили. Во некои делови од светот (пред се во Сирија) значително се намалени тензиите. Но, на други места и онака тешката ситуација стана уште понапната“, наведува американскиот двомесечник.

Во текстот на Роберт Фарли се посочуваат пет кризи – Северна Кореја, Тајван, Украина, јужното крило на НАТО и Персискиот Залив, кои следната година би можеле да преизвикаат судири меѓу големите сили.

Според НИ, Северна Кореја е најопасна надворешнополитичка криза со која се соочува светот.

„Успехот на Пјонгјанг во развивање на балистички ракети, комбиниран со дипломатското неискуство на администрацијата на Трамп, создаде вонредно опасна ситуација. Ракетните и нуклеарните тестирања во последната деценија покажуваат дека Северна Кореја нема да попушти пред американскиот притисок. САД одговорија со дипломатска недоследност, откако високи претставници често даваа спротиставени изјави во рок од неколку часа. Ситуацијата се комплицира и поради тоа што и Пјонгјанг и Вашингтон имаат превентивни планови – САД да ги уништат севернокорејските комуникации и инсталации пред да бидат лансирани ракетите, а Северна Кореја сака да го избегне тоа. Таквата ситуација лесно може да доведе до погрешни проценки на било која страна и до потенцијална војна во која би можеле да се вклучат Јапонија и Кина“, истакнува НИ.

Што се однесува до Тајван, НИ оценува дека неодамнешните агресивни изјави на кинеските воени и дипломатски лидери навестуваат дека некои во Пекинг веруваат оти е променета воената рамнотежа во нивна корист.

Иако тоа не е став на целото раководство на Народна Република Кина, сепак е опасно. Кина исто така ја интензивира воената активност во регионот.

„САД одговорија со смиреност, осудувајќи ги кинеските чекори и најавувајќи продажба на оружје на Тајван. Сепак, Администрацијата на Трамп ги замати дипломатските води со својот конфузен став за Северна Кореја, вклучително и со апелот до Кина да ги зајакне санкциите кон Пјонгјанг. Во односите меѓу Пекинг и Вашингтон, кои бараат предвидливост и внимателна дипломатија, значајните играчи во Кина и во САД изгледа се подготвени да прифатат неизвесност, што би можело да доведе до разорен судир“, потенцира НИ.

Како уште една потенцијална криза се посочува кревкото примирјето во Украина, но и демонстрациите и сагата со поранешниот грузиски претседател Михаил Сакашвили во Киев само ја зголемуваат загриженоста за стабилноста на украинската Влада.

„Судирот би можел да избие на повеќе начини. Колапсот на украинската Влада, што во теоријата би можело да биде корисно за Москва, може да доведе до нестабилност и насилство. Силите блиски до Москва би можеле да се почувствуваат силни, а самиот Владимир Путин би можел да види можност да заземе поголем дел од Украина. Од друга страна, колапсот на Владата во Киев би можел да ги донесе на власт ултрадесничарите, што само би го разгорел судирот во источна Украина. Иако Администрацијата на Трамп се откажа од млаката поддршка што Киев ја добиваше од Барак Обама, сериозен руски воен упад во Украина, би можел да ги вовлече Европа и САД во судир со Русија“, оценува НИ.

Американскиот магазин како четврта криза го посочува јужното крило на НАТО поради нарушените односи меѓу САД и Турција во последните неколку години и зближувањето на Анкара со Москва. Отуѓувањето на Турција од Европската унија и САД, како и турското купување руско оружје може да води кон значитечна промена во регионалниот однос на силите.

„Турција, Русија и САД не ја гледаат војната како разумен начин за решавање на таквата нова дипломатска ситуација. Но, Турција е исклучително значајна земја и нејзиниот став ќе влијае врз исходот од случувањата во Сирија, Ирак, Иран, на Балканот и во Кавказот. Придвижувањето на турската дипломатска ориентација би можело да има непредвидливи последици долж нејзините граници, посебно кога се работи за курдските аспирации за создавање држава, а влијание би можел да има и спорот за Нагорно Карабах. Таквиот развој на настаните би можел да има последици по начинот на кој државите од Југоисточна Европа размислуваат за својата лојалност кон НАТО. Тоа би можело да доведе до погрешна процена на силите на картите било на Москва било на Вашингтон“, истакнува НИ.

Петта евентуална криза во следната година би можела да произлезе од Персискиот Залив, пред се поради конфронтацијата меѓу Иран и Саудиска Арабија.

„Додека граѓанската војна во Сирија се движи кон крајот, вниманието е насочено кон Иран и Саудиска Арабија. Ријад и понатаму изгледа е лесен на оружјето и склон секаде да гледа вмешаност на Техеран. Иран, од своја страна, продолжува да го шири своето влијание во Ирак, во Сирија и на други места. Администрацијата на Трамп воглавно ја прифати победата на режимот на Асад во Сирија и своите напори ги свртува кон Иран. Тоа вклучува и давање бланко поддршка на Саудиска Арабија во Јемен и на други места, што би можело да доведе до претерана самоувереност на Ријад“, се посочува во анализата.

НИ додава дека Ријад покажува јасна подготвеност да изгради дипломатска и воена коалиција против Иран, дури и со Израел. Од друга страна Русија повторно ја потврдува својата положба во регионот, со што многу лесно може да се замисли судир на големите сили.

„Неизвесноста што ја создаде Администрацијата на Трамп не им даде на другите држави да настапат. Со тоа се зголемува можноста од погрешни проценки во кризни и некризни ситуации. Се надеваме дека надворешно-политичкиот тим додека се формира и созрева, ќе развие доследен пристап до дипломатијата, што ќе ја намали заканата од некои од кризите“, заклучува НИ.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: „Нешенел интерест“војниКинаСАДСеверна КорејаУкраина
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    106 shares
    Share 42 Tweet 27
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    136 shares
    Share 54 Tweet 34
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ