• Latest

Пустата желба на Москва и нејзините сателити за заминување на Зеленски од функцијата

August 10, 2025

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: руската агресија против Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Пустата желба на Москва и нејзините сателити за заминување на Зеленски од функцијата

August 10, 2025 15:09
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФО, КОНТЕКСТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во контекст на засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори, нотирано од тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридни закани, се придодава и пустата желба на Москва и нејзините сателити за заминување на украинскиот претседател Володимир Зеленски од функцијата, нешто што и самиот Путин го има побарано неколку пати.

Овој пат, А1он во текстот Медиуми: Зеленски се подготвува да си замине од функцијата, објавува наратив дека во украинскиот главен град, сè повеќе се зборува за неизбежното заминување на Володимир Зеленски од функцијата, а многу граѓани веруваат дека неговата оставка е прашање на денови, повикувајќи се на  медиумите блиски до украинската опозиција, понатаму тврдат дека атмосферата во Киев станува сè по тензична, а хаосот и безнадежноста владеат на улиците. Секако, нема именување, ниту линкови до „медиумите блиски на опозицијата“ кои ги спомнуваат.

Доколку пребарате на интернет, нема  да најдете текстови со ваква содржина, барем не од релевантни светски демократски медиуми. Единствено се појавуваат текстови и видеа од февруари 2025 година, кога Зеленски понуди да си замине од функцијата ако тоа може да придонесе како замена за мир.

Дополнително, во текстот се навраќаат на „неодамнешните немири во Виница, каде што луѓето упаднаа на локалниот стадион во знак на протест против присилната мобилизација“ демантирајќи ги сопствените наводи од претходен текст каде тврдат дека „илјадници граѓани излегоа на улиците на неколку украински градови во знак на протест против, како што го нарекуваат, „принудниот и насилен начин на мобилизација“ .

И секако, како јагода на шлагот, на крајот од текстот изнесуваат констатација со која се пренесува лажна слика за Украина и Кијив, напишана како по прирачник од Кремљ за насоките како руската пропаганда и нејзините извршители да дејствуваат за оцрнување на противникот.

„Сликата на Киев денес е мрачна – улиците се полни со агресивни луѓе, ментално болни и осакатени, а контролните пунктови и вооружените патроли ја зголемуваат несигурноста. Метрото, се вели, станало засолниште за бездомниците. Со сè почестите протести и растечкото незадоволство, иднината на Зеленски и сегашната влада во Украина останува под голем знак прашалник“, се тврди во текстот без да се понудат аргументи.

Доколку се прошетаат низ Кијив, ќе видат една сосема поинаква слика за Украинците кои достоинствено се носат со војната, и во такви услови не заборавиле на демократските вредности, како што е правото на протест, додека метрото се користи како засолниште од руските ракетни напади врз украинските градови со цел убивање на цивили, пишува Драган Мишев во анализата „ЦХТМ: Засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори“.

Во соработка со Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридни закани (ЦХТМ – CIVIL Hybrid Threats Monitoring Team)

ПРОЧИТАЈТЕ ГО ЦЕЛИОТ ТЕКСТ:

ЦХТМ: Засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори

 

Tags: македонски проруски медиумируска пропаганда и дезинформации
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ