Работилница за зголемување на искористеноста на државните фондови и програми за поддршка на микро, малите и средните претпријатија ќе се одржи денеска во Скопје.
За време на работилницата ќе бидат презентирани програмите за поддршка на микро, мали и средни претпријатија пред финансиски фасилитатори – консултанти и консултантски фирми специјализирани во обезбедување пристап до финансии.
Работилницата е организирана во рамки на проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, во партнерство со Фонд за иновации и технолошки развој (ФИТР), Агенција за поддршка на претприемништвото на РМ (АППРМ) и Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ).
Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем ја кофинансира работата на финансиските фасилитатори со цел олеснување на пристапот на финансии за ММСП, овозможувајќи им да создадат нови работни места и да ја зголемат продуктивноста.
Поради комплексноста на процесите за пристап до финансии, експертизата која финансиските фасилитатори им ја нудат на фирмите е неопходна за зголемување на искористеноста на државните фондови и програми за поддршка на приватниот сектор.
извор: МИА