ЦИЈА САД, во соработка со БИРН и Фондацијата „Докукино“, годинава ќе организира низа активности за градење на капацитетите во земјите од Западен Балкан во состав на “Resonant Voice Initiative”, за активисти, новинари, блогери, едукатори и сите останати заинтересирани лица, кои сакаат да помогнат во развивање на стратегии за онлајн комуникации што ќе можат да одговорат на опасните содржини.
„Дали сте загрижени поради негативните и опасни интернет пораки кои им наштетуваат на поединците и на заедниците околу Вас? Загрижени ли сте за конверзациите на кои влијаат лажните вести, дезинформациите, троловите и разните форми на пропаганда, која се користи за радикализација и регрутација?“ стои во повикот на организаторите на работилниците кои се дел од активностите.
Работилниците ќе се одржат во пет држави на Западниот Балкан, во Скопје, Македонија 18-19 мај, во Приштина, Косово 22-23 мај, во Тирана, Албанија 25-26 мај, во Белград, Србија 29-30 мај и во Сараево, Босна и Херцеговина 1-2 јуни.
Учесниците во програмата, по регионалниот состанок, ќе имаат пристап до менторство, по принципот „лице во лице“, што ќе претставува можност за понатамошен развој на ветувачките концепти во кампањата, како и за финансирање на најперспективните иницијативи.
Целите на работилницата се учесниците да развијат стратегија за онлајн комуникација, за да можат да реагираат на опасни содржини, да научат како да ја профилираат публиката, да ги научат техниките на таргетирање и да практикуваат стратегии за развој на пораките.