• Latest

Работниците на „Охис“ не бараат милостина, туку заработените плати

July 2, 2019

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Работниците на „Охис“ не бараат милостина, туку заработените плати

„Охис" пропадна, но дел од имотот на македонскиот хемиски индустриски гигант се продаваше подолго време. Парите од продажбата на дел од објектите отишле некаде, но не и за плати на луѓето што ги заработиле со својот труд. Тие очекуваат од Владата да најде начин да ги исполни овие минимални барања на работниците, а тоа е исплата на платите

July 2, 2019 14:12
in ВЕСТИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Работниците на сега пропаднатиот “Охис” бараат да им се исплатат 24 заостанати плати, обврска што датира уште од 2013 година, а во случајот со некои од нив и порано, од 2008 година. Тие, под водство на Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство (СИЕР), почнаа со протест пред зградата на ССМ, во 8 часот утринава.

ЦИВИЛ Медиа ги сними кратките искази на дел од револтираните работници на скопските улици. За што се работи?

„Охис” пропадна, но дел од имотот на македонскиот хемиски индустриски гигант се продаваше подолго време. Парите од продажбата на дел од објектите отишле некаде, но не и за плати на луѓето што ги заработиле со својот труд. Тие очекуваат од Владата да најде начин да ги исполни овие минимални барања на работниците, а тоа е исплата на платите.

„Не бараме милостиња, си ги бараме изработените плати“ – пишуваше на транспарентот закачен на стариот мопед што го возеше еден од работниците.

 

Секако, останува и обврската да се истражат и сите околности под кои пропадна и раскрчми имотот на “Охис”. Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, кога на седницата за пратенички прашања беше поставено прашањето за вработените во „Охис“, пред крајот на јуни изјави: „Ќе направиме сѐ што е во наша надлежност да им помогнеме на вработените во фабриката „Охис“. Сите материјали за овој случај им се предадени на надлежните институции и, доколку се утврдат неправилности, ќе направиме сѐ за да се заштити правото на вработените“.

Што точно ќе утврдуваат надлежните институции остана нејасно, бидејќи вицепремиерот Анѓушев кажа и дека постапката за ликвидација на „Охис“ е завршена и дека преостанува само да се заврши исплатата на вработените. Вработените, пак, обвинуваат за криминална стечајна постапка и бараат активирање на финансиската полиција, УЈП и МВР.

И на другата страна остануваат отворени и прашањата, зошто и како дојде до тоа синдикатите да молчат сево ова време, а сега, кога Владата ветува дека во тек е постапка за исполнување на барањата за исплата на работниците, се организира протест. Како дојде до тоа, синдикатите да се “разбудат” дури сега, а во времето на режимот ги немаше никаде. Освен Лилјана Георгиевска, хероината на стечајците, ретко кој излегуваше на улиците во тоа време. Да се надеваме дека одговорот на овие прашања не е во извикот на носителот на знамето на СИЕР: „Правда има во Русија, овде нема правда!“.

Во секој случај, без оглед на политичките конотации што можеби се вплетени во протестот, останува обврската на Владата да го реши овој проблем час поскоро.

Џ. Дерала

Share82Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ