• Latest

Работниците се потребни и по завршување на кризата, апел да внимаваат што потпишуваат

March 27, 2020
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Работниците се потребни и по завршување на кризата, апел да внимаваат што потпишуваат

March 27, 2020 08:28
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Целосно или делумно прекинатото производство во дел од фабриките во индустријата и затворените угостителско-туристички објекти поради коронакризата ги доведуваат во прашање работните места на илјадници лица. Дел од работодавачите засега наоѓаат модалитети да ги задржат работниците, но невладините организации за работнички права веќе информираат за случаи дека работници се одјавени, а воопшто не знаеле. Експертите, пак, препорачуваат државата што поскоро да излезе со помош за фирмите. Задржувањето на работниците, истакнуваат, ќе биде клучно и за повторно нормализирање на производството и закрепнување откако ќе заврши кризата.

Глобалниот прекин во автомобилската индустрија се одрази и кај нас, а фирмите членки на Советот на странските инвеститори засега ја стопираа на неколку недели работата.

„И покрај ваквите неповолни случувања и сериозните финансиски последици, компаниите членки на Советот за странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија преземаат напори и мерки да не отпуштаат работници, планираат да искористат одреден модалитет, но првенствено сакаат да ги задржат вработените. Така, компаниите планираат претстојниот период на прекин на производството да го искористат за реализација на обуки за вработените или вработените да користат неискористен редовен годишен одмор од минатата година и мал дел од одморот за оваа година, евентуално користење принуден одмор и сл. Тоа се охрабрувачки чекори во дадената ситуација“, изјави вчера Зоран Јовановски, член на УО на Стопанската комора на Македонија.

Истовремено, Кристина Ампева од НВО „Гласен текстилец“-Штип, вчера упати апел работниците да не потпишуваат спогодбени откази ниту, пак, празни листови. Првите вакви случаи, тврди таа, ги забележале во странските компании, но и во текстилните фабрики. Ваквите измами и потпишувања спогодбени откази за работниците ќе значат дека ќе немаат никаква правна помош, а работодавачите ќе можат да ја добијат државната помош, која е дел од мерките за коронавирусот, укажа Ампева. Таа побара Владата итно да побара список од Агенцијата за вработување и да се види точната бројка на вработени во реалниот сектор, а во оние фирми каде што ќе се утврдат вакви неправилности да се избришат од листата за државна поддршка како дел од мерките за справување со коронавирусот. Реагирано е и до Трудовиот инспекторат за работнички кои дознале дека се одјавени, откако отишле кај својот матичен лекар, кој им кажал дека немаат здравствено осигурување.

„Најголем дел од работниците не ни знале дека се одјавени, значи тие оделе на работа, а кога одат на доктор гледаат дека немаат здравствено осигурување и дека всушност се одјавени многу поодамна. Најмногу страдаат мајките на деца под 10 години и хронично болните. Такви примери имаме и во Штип“, информира Ампева.

Претходно, угостителскиот сектор, кој е еден од најпогодените од кризата, предупреди дека се загрозени работните места на 29 000 вработени откако најголемиот број угостителски објекти во државава ставија клуч по стапувањето во сила на вонредните мерки што ги прогласи државата.

„Доколку нема предвидена помош со која ќе можеме да се одржиме, потребно е веднаш да ни биде соопштена таа одлука, за да може вработените кои ќе бидат одјавени и ќе останат без работа заклучно со 31.3. да аплицираат навремено за други мерки за помош за да не останат без никаков приход“, апелира Мартин Ангеловски од Групацијата за угостителство.

 

Угостителскиот сектор бара од државата субвенционирање минимална бруто-плата за вработените, во периодот додека траат превентивните мерки, одложување на наплатата на даночни обврски и аконтации во наредните шест месеци, замрзнување и репрограма на обврските по кредити и камати, како и други достасани обврски кон банките до завршување на кризата и итно отворање на кредитните линии со субвенционирана камата.

Препорака за итни мерки од економските власти вчера повторно упати и Институтот за економски политики и истражувања Фајнанс тинк, меѓу другото, како што соопштија и со спасување на платните исплати на фирмите.

„Оваа група мерки се однесува на зачувување на работните места и платите на работниците кои не се во производниот процес поради индуцираната контракција и/или кои имаат драстичен пад на приходите. Владите на Велика Британија и на Данска, на пример, плаќаат 80 проценти и 75 проценти, соодветно, од трошокот за плата на работниците. Фирмите имаат обврска да го платат остатокот, за што се поддржани со бескаматни или субвенционирани кредити“, укажа Фајнанс тинк.

Особено е важно, потенцираа, да не дојде до откажување на договорот за вработување, што е клучно за побрз излез од економската криза и брзо повторно воспоставување на производството и подигање на побарувачката веднаш по завршувањето на здравствената криза. Клучната предлог-мерка што циркулира во јавноста, за исплата на минимална плата во нето-износ од страна на државата, а даночните трошоци ги исплаќа работодавачот, е во оваа насока.

И покрај фокусот врз заштита на работните места, предупредува Фајнанс тинк, економијата ќе се соочи со отпуштања. За спроведување на предлог-мерката со која се зајакнува можноста за стекнување надомест во случај на невработеност, препорачуваат, неопходна е измена на Законот за осигурување во случај на невработеност. Со тоа ќе се овозможи секое лице кое ќе изгуби работа поради коронакризата да може да се стекне со право на паричен надомест во времетраење од најмалку шест или девет месеци.

 

Првиот сет мерки за помош на стопанството, меѓу кои и бескаматните кредити за фирмите за кои може да се аплицира од денеска преку Развојната банка на РСМ, како што објави Владата, се во насока на одржување на ликвидноста и задржување на работните места

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ