Ајдин Шерифи и неговата сопруга не успеале да го искористат своето право на глас на предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 11 декември 2016 година. Им било кажано дека ги нема на Избирачкиот список, но дека сигурно ќе ја исправат грешката пред локалните избори на 15 октомври 2017 година.
Тој и неговата сопруга сè уште не се на Избирачкиот список.
Нашиот сограѓанин побара помош од ЦИВИЛ, како и многумина до сега. „Сакам да гласам!“ – вели Ајдин. Државата има обврска да му го исполни тоа право. ЦИВИЛ ги испрати податоците на Ајдин и неговата сопруга до Државната изборна комисија.