По денешниот протест на политичката партија Левица, кој се одржа за поддршка на работничката што беше отпуштена за време на нејзиното боледување, се огласија и Веро маркети.
Во соопштението до медиумите стои:
„Веро е социјално одговорна компанија, која е присутна на македонскиот пазар веќе 20 години, и многу добро ги познава и целосно ги почитува локалните закони и правните рамки на работењето и грижата за вработените. Во ниту еден случај компанијата не би дозволила нивно повредување“.
Според нив, Веро маркети нема направено никакво прекршување на правната процедура. На вработената и бил прекинат менаџерскиот договор, поради сериозно прекршување на повеќе правила и процедури на работењето.
„Со непрофесионално однесување, неетичен однос и злоупотреба на позицијата раководител кон вработените на кои таа им е претпоставена прекршени се повеќе членови на договорот што го има потпишано. И покрај сериозното нарушување на компаниските пракси и политики, а имајќи ја предвид нејзината семејна ситуација ѝ беа понудени три алтернативни решенија за вработување што таа го одби“, стои во соопштението.
А.П.