Претседателот на Владата на Република Албанија, Еди Рама, ги поканил лидерите на политичките партии во Северна Македонија на неформална средба во вторник, според медиуми на албански јазик, кои наведуваат дека за средбата се информирани од партиски извори.
Рама ги поканил лидерите на ДУИ Али Ахмети, Алијанса за Албанците Арбен Таравари , Движењето Беса Билал Касами, од Алтернатива Африм Гаши од ДПА Мендух Тачи. Според медиумите, на средбата ќе се разговара за политичките состојби во Република Северна Македонија и други прашања што се однесуваат на Балканската политичка сцена.
Д. Т.