CivilFest
Categories

КОСОВО Рама и Харадинај се расправале за Тачи

Албанскиот премиер Еди Рама и косовскиот премиер Рамуш Харадинај на заедничката седница на владите на Албанија и Косово се судрија околу корекцијата на границата со Србија.

Но, нивниот судир не завршил само на прашањето за границите, туку продолжил и околу косовскиот претседател Хашим Тачи.

„За мене ниту една идеја не треба да се се исклучи и се треба да се гледа со очите на иднината: Албанците не треба да живеат разделени. Тие треба да се обединат како еден народ со две држави кои сакаат да живеат без граници едни со други“, изјави Рама.

Тој рече дека е магаре секој кој го нарекува предавник косовскиот претседател Хашим Тачи, чија е идејата за корекција на границите.

Косово и Албанија потпишаа низа меѓусебни договори со кои се бришат царините и се укинува роамингот. Инаку, дел од меѓународната заедница дава поддршка на идејата со корекција на границите да се реши косовскиот проблем со Србија, што би значело и забрзување на евроатлантските интеграции за двете земји.

Харадинај, пак, кажа дека прашањето на корекцијата на косовските граници е завршено на 17 февруари 2008 година, кога беше еднострано прогласена косовската независност.

„Што мислите, не е во ред кој било да добие метар од косовската земја без оглед на тоа дали е Албанец, дали е Рамуш, Еди или Хашим Тачи. Тоа е сериозно погрешно. Ова е земја на Албанците формирана со крв, на 17 февруари, и сите тоа мора да го знаат. Во овие граници нè препознаваат и Албанија и Америка“, кажа Харадинај коментирајќи ја пораката на Рама за патриотизмот на Тачи.

 

Print Friendly, PDF & Email