• Latest
Фото: Архива

Додека Белград го пречекува Си Џинпинг со црвен тепих, остатокот од Европа е под кинески шпионски напад, апсења низ целиот континент

May 8, 2024

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026

Парите и постизборна Србија: Сомнежи за трансфери кон Скопје и Москва, Алта банка под лупа

October 29, 2026

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ

Додека Белград го пречекува Си Џинпинг со црвен тепих, остатокот од Европа е под кинески шпионски напад, апсења низ целиот континент

May 8, 2024 13:12
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, СВЕТ, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Фото: Архива

Фото: Архива

Share on FacebookShare on Twitter

Додека кинескиот претседател Си Џинпинг е во посета на Србија како дел од втората етапа од својата европска турнеја, властите ширум Европа се борат со бран шпионски напади, за кои има сомневање дека ги спроведува Кина.

Како што пренесува „Гардијан“,  експертите сметаат дека неодамнешното зголемување на апсењата и истрагите го одразува променливото расположение во Европа кон кинеските закани.

Исто така, постои загриженост дека темпото на операциите на кинеското влијание во Европа – преку традиционалната шпионажа и повеќе „сива“ активност, како што се продавање влијанија и транснационална репресија – се интензивира, бидејќи ставовите кон Кина се зацврстија во последниве години.

Британскиот премиер Риши Сунак вчера откри дека „злонамерен актер“ ја компромитирал евиденцијата за платите на британската војска, а извештаите сугерираат дека зад тоа стои Кина, наведува весникот

Во еден случај, тројца германски државјани беа уапсени под сомнение дека организирале пренос на информации за чувствителна технологија во Кина. Во друг случај, еден човек по име Џијан Г, кој работел за германски европратеник од екстремната десница, бил уапсен под сомнение за шпионажа. Максимилијан Кра, европратеник на Алтернатива за Германија, за кого работеше Џијан Г, негираше каква било вмешаност.

Во Белгија, властите во јануари отворија кривична истрага против екстремно десничарскиот политичар Франк Крејелман , откако истрага на „Фајненшел Тајмс“, „Шпигел“ и „Монд“ покажа дека тој бил користен неколку години како средство на кинеската разузнавачка служба.

Како што објави предходно ЦИВИЛ Медиа, кинеската комунистичка партија го вооружи секој аспект од своите интеракции со надворешниот свет со цел да го поткопа, порази и замени Западот како арбитер на глобалните норми. По долгогодишно слепо негирање или компромитиран молк, во изминатите неколку недели имаше забележителен пораст на вниманието на западните медиуми за тоа колку далеку и брзо напредува овој процес.

И британската влада почнува да покажува во јавноста дека и таа има проблем со Кина. Разузнавањето ги идентификува кинеските сајбер-напади врз пратениците, и го идентификува огромниот напад на податоците во кое е вклучено британското Министерството за одбрана. Иако британската Влада не сакаше да ја именува инволвираната земја, Скај њуз дознава дека тоа е Кина. Кинеската држава треба да биде обвинета за два или три обиди за хакирање на вработените во Министерството за одбрана – вклучувајќи го и персоналот.

Кина под Џинпинг ги користи сите ранливости што може да ги најде или создаде во либералните западни општества. Нејзините тактики вклучуваат принудна дипломатија, прокси војна преку непријателски држави, политичка шпионажа и операции за влијание, дезинформации и пропаганда, кражба на податоци, сајбер напади и повеќе во остварувањето на нејзините цели. Ова е класична хибридна војна, за која Си веќе нареди „борбена готовност“.

Д. Мишев

Прочитајте и:

Кина е вклучена во отворена хибридна војна против Западот, хакирано британското Министерството за одбрана

Tags: ЕУКинакинески хибридни заканиСрбијашпионажа
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ