• Latest
Даниела Рангелова / фото: Б. Јордановска

Рангелова: Ниту едно партиско раководство не прифаќа рамноправно учество на жените во политиката (2 дел)

October 6, 2019
Лвив, Украине, 9 Мај 2025 (фото извор: Амб. на Украина)

(ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ) Заедничка изјава од Состанокот на министрите за надворешни работи во Лвив за формирањето Специјален трибунал за злосторство агресија против Украина

May 9, 2025

Макрон: Путин е на страната на војната, сите што веруваа поинаку се одговорни за своите заблуди

May 9, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Украина ќе биде домаќин на средба на „Коалицијата на подготвените“

May 9, 2025

ЕУ ќе ја финансира украинската воена индустрија од замрзнатите руски средства

May 9, 2025
Супорт Кочани, фото Х

„Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“

May 9, 2025

(ВИДЕО) Со „Шерман“ повторно против фашизмот – на Илон Маск

May 9, 2025

24 ЧАСА: Европа посилна од Путиновата воена пропагандна парада; „Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“; Уште едно убиство, застрелан турски студент во кафуле во Штип

May 9, 2025

Денот на Европа – сидро на стабилноста наспроти Путиновата пропаганда

May 9, 2025

Одбрана на демократијата: Обнова на довербата во демократските институции и процеси

May 9, 2025
Никица Корубин

(Де)исламизирана албанофобија

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Рангелова: Ниту едно партиско раководство не прифаќа рамноправно учество на жените во политиката (2 дел)

Во првиот дел од интервјуто со Даниела Рангелова, пратеничка, претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во Собранието и членка на ВМРO-ДПМНЕ го посветивме на изборните реформи. Веќе во вториот дел зборувавме за нејзината улога во Комисијата, опструкциите, статусот во нејзината партија, како жена и како иницијаторка на повеќе активности за родова еднаквост, предизвиците на жената во политиката и во партијата.

October 6, 2019 18:59
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
Даниела Рангелова / фото: Б. Јордановска

Даниела Рангелова / фото: Б. Јордановска

Share on FacebookShare on Twitter

Секако една од најкоментираните и највидливите политички фигури во Северна Македонија е пратеничката Даниела Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ. Без оглед на тоа дали некој ја сака и почитува или ја мрази и напаѓа, Рангелова се појави и опстана на политичката сцена во исклучително турбулентни времиња за земјата. Околу неа се плетат огромен број приказни, а често е жртва на жестоки напади и говор на омраза од најразлични страни, вклучително и од „своите“. Нејзиното политичко дејствување неретко е контроверзно и, своевремено, на линија на антидемократските и авторитарните политики и практики на поранешниот премиер Никола Груевски. Но, Рангелова ја гледаме и во сосема поинаква светлина, со ставови за суштински важни теми и области, за кои во минатото малку или воопшто не се знаеше.

Даниела Рангелова е родена на 20 јули 1978 во Велес и е дипломиран политиколог. Нејзината политичка кариера е динамична и полна со драматични пресврти. Од почитувана и силно промовирана партиска функционерка, лидерка на Унијата на жените на ВМРО-ДПМНЕ, до персона нон-грата во партијата, таа продолжува да ги бранува политичките води и јавноста во земјата. Падна во немилост на сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, откако покажа дека во политиката се потребни сопствен став и независно мислење и дејствување.

Како пратеничка, Рангелова е извонредно активна и во моментов членува или е во раководството на дури десет собраниски тела. Нејзина највидлива и за ЦИВИЛ најинтересна функција во Собранието е секако нејзината функција на претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите. Воедно, таа е член и на Комисија за европски прашања, Комисија за прашања на изборите и именувањата, Комисија за финансирање и буџет, Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците и низа други. Ја поддржува идејата за Македонија како една изборна единица, што воедно е една од долгогодишните заложби и на ЦИВИЛ.

Сето тоа и многу повеќе, претставува повод за интервју со Даниела Рангелова, со која разговаравме за заложбите за родова еднаквост, предизвиците на жената во политиката и во партијата, како и за актуелните теми поврзани со изборните реформи и активностите на ВМРО-ДПМНЕ, за Иницијативата за исполнување на квотата од 50% жени во парламентарниот дом…

Во првиот дел од интервјуто со Даниела Рангелова, пратеничка, претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во Собранието и членка на ВМРO-ДПМНЕ го посветивме на изборните реформи. Веќе во вториот дел зборувавме за нејзината улога во Комисијата, опструкциите, статусот во нејзината партија, како жена и како иницијаторка на повеќе активности за родова еднаквост, предизвиците на жената во политиката и во партијата.

ЦИВИЛ МЕДИА: Како поранешна претседателка на Унија на жените на ВМРО-ДПМНЕ и сегашна претседателка на Комисијата за еднакви можности меѓу мажите и жените, можете малку повеќе да ни кажете за Вашата улога во Собранието и во Комисијата?

РАНГЕЛОВА: Оваа Комисија секогаш работела отворено, со многу јавни расправи, каде што се вклучени сите граѓански здруженија, локалните комисии во општините и меѓународните организации. Јас сум задоволна како функционира, но не сум задоволна од присуството на мажите во Комисијата. Дека е вреднувана многу во Собранието, не е вреднувана. Ако отворите на веб-страницата ќе видите дека се наоѓа на претпоследното место, последна е Комисијата за деловно имунитетни прашања која што реално и ретко се свикува. Се гледа маргинализираноста и пристапот како неважна комисија во Собранието. Комисијата се занимава со родовите прашања првенствено, но и со сите прашања што го засегаат статутот на жената во општеството. Ова е мој втор мандат. Во првиот мандат, во време на Пржинскиот договор, беше покрената една Иницијатива за 40% застапеност на жените на листите и навистина, така и се случи. При промена на Изборниот законик се промени и квотата.

Во политиката се вклучени многу жени. Јас пет и пол години ја водев Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Навистина можам да кажам дека жените се движечката сила во политичките партии. Тие најмногу се вклучени во теренските активности, најодговорно ги извршуваат активностите и мислевме дека треба да се зголеми квотата и дека достоинствено би било, со оглед дека сме половина од населението, половина од потенцијалот на оваа општество, да бидеме 50% застапени на листите. Оваа Иницијатива ја почнав сама, ми дадоа поддршка пратеничките, но прво се вклучија мажите, бидејќи сè уште кај жените постои страв да се потпишат на една ваква иницијатива. Првото прашање кое го поставуваат е дали за ова е договорено во партија. Не зборувам за мојата партија, туку скоро за сите партии. Најголема слобода имаат оние што се од помалите политички партии или што се независни пратеници. Најверојатно во помалите политички партии е поважна улогата на жената, но најважно е дека можат слободно и демократски да размислуваат.

Иницијативата уште не е поднесена. Дел од потпишаните веќе не се пратеници, но сепак сметам дека е важно да се знае кој се потпишал тогаш. Сега во неформален разговор со некои од нив велат тогаш ви дадовме поддршка, ама сега не. Оваа е едногласно подржано од сите жени од Клубот на пратенички. Се надевам дека ќе собереме храброст сите да ја поддржиме бидејќи е важна за функционирањето на нашето општество.

ЦИВИЛ МЕДИА: Со какви опструкции се соочувате во вашата борба за родова еднаквост? 

Како претседателка на Комисијата немам некакви  опструкции бидејќи во рамки на функционирањето во Собранието, нормално се работи. Затоа не можам да се пожалам. Но, како иницијатор на вакви иницијативи, секако сум имала големи притисоци. Мажите колку и да ни кажуваа дека сакаат да се на еднаква позиција и рамниште со нас, секогаш кога ќе им кажеме дека ги сакаме истите права, секогаш сме наидувале на отпор. Така било и во мојата партија, но го чувствувам тоа и во сите други партии. Кога почнавме со оваа иницијатива, прва реакција и тоа од пратенички од СДСМ, беше мора да прашаме во нашата партија. Гледам дека сега поддржуваат, јас се надевам и дека мојата матична партија, ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја поддржи иницијативата. Мислам дека жените во ВМРО-ДПМНЕ го заслужуваат тоа.

Сепак, кога жените ќе ги добијат политичките функции, забораваат колку била тешка борбата и на кој начин ние сме стигнале на овие позиции. Разочарувачки е што уште нема формирани Комисии за еднакви можности во општините, ако знаеме дека на последните локални избори имаше 40% жени на листите и тоа жените од мојата партија што би требало да бидат иницијатори за функционирање на оваа Комисија. Колку и да сме биле компетентни, сме влегле на тие позиции заради квотата. Ако не постои квотата не би биле во толкав број. Не затоа што жените не се квалитетни или способни да носат политички одлуки, туку едноставно не би им се дала можност во општеството поради тоа што уште постојат стереотипи дека жената треба да е домаќинка, да се грижи за семејството…

ЦИВИЛ МЕДИА: Колку ваквите размислувања влијаат на вашиот однос со партијата? Дали наидувате на разбирање?

РАНГЕЛОВА: Не, не наидувам на разбирање. Ќе почнам со тоа како беше на локалните избори. За локалните избори, уште беше Никола Груевски лидер на ВМРО-ДПМНЕ, предложив да има 40% жени на кандидатските листи. Тоа веднаш наиде на отпор кај членовите на Извршниот комитет, аман веќе од вас жените, зошто вие да ги ставате жените на листите, но изненадувачки претседателот на партијата дозволи. Жените беа тогаш многу визибилни во партијата и многу работеа, мислам дека тогаш и немаа друг избор во моментот.

Кога дојде време за собирање на потписи за Иницијативата за 50% присуство на жените во Парламентот, го информирав сегашниот лидер, Христијан Мицкоски. Тој веднаш реагираше, не е договорено, од каде сега ова произлегува, со кого си се договорила… Ниту едно раководство со добра волја не ја прифаќа идејата жените да се еднакво присутни во политиката. Многу сме им потребни кога има активности, сакаат да присуствуваат на настани каде има многу жени, но кога ќе дојде да се носат политичките одлуки, жените, за жал, и во претходното раководство и сега, во мојата партија малку биле вклучени во одлучувачките моменти и за функционирањето на партијата и за функционирањето на државата.

ЦИВИЛ МЕДИА: Веќе две и пол години откако е поднесена Декларацијата за исполнување на квотата од 30% жени, кандидатки за градоначалнички. Таа уште не стигнала на дневен ред во Собранието. На што се должи тоа?. Дали некоја опструкција од спикерот Талат Џафери? 

РАНГЕЛОВА: За жал, уште не е на дневен ред. Ние тогаш ја доставивме до Талат Џафери, но не велам дека е опструкција лично од него. Можеби  е некој преќутен договор меѓу политичките партии, бидејќи сериозно мислам дека ниту еден лидер не е спремен да има квота за жени градоначалнички. Најверојатно сметаат дека кога на анкети би ги пуштиле жените не би поминале толку добро. Сметам дека жените се поодговорни, повеќе знаат што е потребно на локалното население. Не мислам дека се помалку способни до мажите за да бидат добри градоначалнички. Имаме жени градоначалнички, но бројот е многу мал.

 

ЦИВИЛ МЕДИА: Дали во овие две и пол години се поставило прашањето зошто уште не е на дневен ред. Кој беше одговорот?

РАНГЕЛОВА: Да, неколку пати прашавме. Одговорот беше не поставено затоа што не е отворен Изборниот законик, ќе дојде време. Еве сега ќе се отвори Изборниот законик и се надевам дека ќе дојде на дневен ред. Искрено, со малку страв беше поднесена, затоа е и Декларација. Малку се плашевме затоа што навистина се работи за тежок пат во борбата жените да се присутни на сите полиња особено во политиката.

Биљана Јордановска (текст и монтажа)
Камера и фотографија: Атанас Петровски

Рангелова: Не знам што би добила ВМРО-ДПМНЕ со 120 изборни единици, ако ова е Влада во сенка, јас сум разочарана (1 дел)

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 
Со преземање спротивно на Условите на било која содржина објавена на ЦИВИЛ Медиа, се согласувате на ЦИВИЛ да му исплатите надоместок од 25.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.
Доколку некоја содржина е потпишана со ЦИВИЛ Тим за комуникации, тогаш преземањето е дозволено во целост.

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share48Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ