Иво Ранѓеловиќ за ЦИВИЛ Медиа говори за мултикурализмот и различностите.
„Сметам дека секој од нас, секоја индивидуа, секој народ, се соочува со едни исти проблеми насекаде во светот. И како народ, и како општество, потребно е да влеземе во едно ново поглавје, да ја разбереме суштината на мултикултурата, да го разбереме потенцијалот на се она што не прави различни, по религиозна, по етничка, по национална основа. Бидејќи, тоа е една предност, тоа е една доблест, и со разменување на нашите различни култури и идеи и религии, е да дојдеме до една повисока цел, а тоа е секогаш достоинствениот живот.
Насекаде низ светот, луѓето, зборувам за западните земји, па дури и земјите во развој го препознаваат потенцијалот на ваквото нешто, и повеќе дискутираат и разговараат и повеќе се бунат против политичките елити, токму за овие суштински проблеми за кои говорам. Едноставно, нема поважен национален интерес од достоинствениот живот на еден индивидуалец, и само низ таа призма може да ја разбереме мултикултурата. Бидејќи, доколку се навратиме на нашите различности, кои секако постојат, природата не направила да сме сите толку различни колку што сме и исти и еднакви. Треба да се издигнеме над тоа, да размислуваме со ладни глави, да се повикаме на нашите сопствени потенцијали и вредности, и секој од нас да го даде својот придонес онака како што смета и може. Само така може да го поведеме ова општество во еден вистински мултикултурен свет, во кој, верувајте дека секој од нас ќе биде посреќен, ќе има поубави услови за живот, и ќе остави обележје кое наредните генерации и тоа како ќе го ценат, посочи Ранѓеловиќ.
Д. Тахири
Камера и монтажа: Ариан Мехмети
Оваа содржина е дел од иницијативите и проектите на ЦИВИЛ за промоција на мултикултурализмот и европските вредности, со поддршка од Министерството за надворешни работи и европски прашања на Големото Војводство Луксембург. Ставовите и мислењата изнесени во овие содржини се на самите Автор(к)и и не нужно ги отсликуваат официјалните ставови на донаторите.