• Latest
Добро утро со Орданоски

„Раздели, па владеј“ наспроти „Обедини, па владеј“

March 26, 2022

24 ЧАСА: Мицкоски со данок за ергени ќе ја реши демографската криза; Завршени вештачењата за Пулс и Онкологија; Судирите во Србија не стивнуваат

July 4, 2025

ЛАРИСА ДИР: И иднината на Украина и иднината на Северна Македонија е во Европската унија, две држави кои припаѓаат на европското семејство

July 4, 2025
фото: ВИ

Доста време ерген одев!

July 4, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија, Мухсин Арифи и неговиот човек од доверба за примање мито од 20.000 евра за болничко згрижување на лице

July 4, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Спектакуларен успех на големиот магионичар Мицко – направи да ги снема македонскиот јазик и идентитет

July 4, 2025
Владата ја прекинa постапката за разрешување на државниот јавен обвинител, Љубомир Коцевски

Коцевски: Завршени вештачењата за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани и за Онкологија

July 4, 2025
Христијан Мицкоски, 2022 (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

Мицкоски размислува да ја реши демографската криза со воведување даноци за немажени и неженети лица

July 4, 2025
Фото: скриншот Х

„SafeJournalists“: Ситуацијата е надвор од контрола – бараме итна заштита на медиумските работници во Србија

July 4, 2025

Прв Самит ЕУ-Молдавија: Членство во Унијата и финансиска поддршка пред парламентарните избори во Молдавија

July 4, 2025
фото: ВИ

РЕАКЦИИ: Реален поткуп со државни пари – буџетот станува изборна алатка

July 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

„Раздели, па владеј“ наспроти „Обедини, па владеј“

Стравот, прочуено препорачува Макијавели, е поефикасен метод за владеење, бидејќи – за разлика од љубовта и почитта – може да се дозира по потреба: колку ќе ви се плашат опонентите зависи од вас; колку ќе ве сакаат, зависи од нив. Може и сите да ве мразат, но со закана сѐ уште долго да ги владеете.

March 26, 2022 08:14
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Ако ги консултирате интернетските агрегатори на информации, лесно ќе констатирате дека прастарата стратегија „Divide et impera“ – „Раздели и владеј“ – е, наводно, античка стратегија на Филип Втори, но она што е извесно е дека нејзината ефикасност ја имаат практикувано и Цезар и Наполеон и Луј XI и Куќата на Хабсбурзите… Препорачана е и во преписката меѓу основачките „татковци“ на САД – нивниот четврти претседател Џејмс Медисон до својот претседателски претходник Томас Џеферсон – но таа сеопфатно е „комплетирана“ од Имануел Кант во трите владејачки максими: „Раздели, па владеј!“, „Прво делувај, подоцна правдај се!“ и „Ако направиш недело, негирај го!“.

Макијавелистичка и безмилосна е оваа владејачка „методологија“ и не подразбира само, прво, власта да се освои, туку потоа и што подолго да се одржи. Моќните ентитети ќе се поделат, ќе се разбијат на помали составни делови, чија заедничка моќ, поделени, значително ќе им се намали. Суштината е во манипулативната вештина, малку со арно и ветувања, по потреба и со ќотек и закани, и сѐ помеѓу.

Омилен е овој метод на владеење што го практикуваат и модерните властодршци, особено таму каде што со сила се произведува и „убавина“, кога на власт се сака да се остане со децении. Стравот, прочуено препорачува Макијавели, е поефикасен метод за владеење, бидејќи – за разлика од љубовта и почитта – може да се дозира по потреба: колку ќе ви се плашат опонентите зависи од вас; колку ќе ве сакаат, зависи од нив. Може и сите да ве мразат, но со закана сѐ уште долго да ги владеете.

Се подразбира дека слободата и стравот не одат ни во иста реченица, а не, пак, во истиот „пакет“ за долговечно владеење. Сепак, кога балансот помеѓу стравот и симпатиите драстично ќе се наруши во корист на принудата, само е прашање на време кога владетелот паѓа од власт. Останатото е пресметката за висината на цената за таа демисија.

ПОГРЕШНИ ПРОЦЕНИ

Рускиот претседател Путин – да, за тоа станува збор тука – маестрално ја прецени својата моќ да ја подели, а потоа и да ја завладее европската и западната јавност и тамошните политички структури, за непречено да ги прави злоделата што сега ги спроведува во Украина. Погрешно си ја процени и силата во ООН, потпирајќи се на тамошните традиционални поделби. Дури, катастрофално го промаши и она за што мораше многу подобро да биде информиран: дека Украинците воопшто не се така поделени, како што тој мислел, по прашањето дали повеќе го сакаат неговото владеење или слободниот живот во сопствената татковина.

Остаре човекот триесет години за триесет дена, шокиран од единството во коешто, непланирано, се заби како мува кога ќе се плесне во шофершајбна.

А сега е во процес на проверка и на последната погрешна процена: дали големото мнозинство Руси толку го сакаат, што ќе прифатат да ги врати во минатиот век, само за тој да остане што подолго на власт. Оти, еден човек можеш да го лажеш цел живот; многумина можеш да лажеш долго време; но, не можеш сите да ги лажеш засекогаш, без разлика колку и да ти се плашат.

Знаете што ѝ поминува последно низ главата на мувата кога ќе се забие во шофершајбна? Е, па, задникот.

Така, стратегијата „Раздели, па владеј“ му се распадна „во од“. Сега е препуштен на останатите два средновековни насилнички методи на владеење – „Прво делувај, подоцна правдај се!“ и „Ако направиш недело, негирај го!“ – но, како што стојат работите, шофершајбната е сѐ поблизу до мувата.

МОБИЛИЗАЦИЈА НА ОБЕДИНУВАЊЕТО

Силната демонстрација на спротивниот владејачки принцип – „Обедини, па владеј“ – ја видовме деновиве и во Брисел. За првпат еден американски претседател, Џо Бајден, присуствуваше на самит на лидерите на ЕУ, откако претходно, со задача да го засили единството на сојузниците, „претседаваше“ и со самитот на НАТО. Чичето можеби има 80 години, но со младешки ентузијазам ги прошета сите вонредно свикани сојузнички подиуми јасно ставајќи до знаење која му е моментната политичка, а и животна мисија: да покаже дека обединетите демократи се секогаш посилни од силните автократи, бидејќи дури и евентуалниот обид автократите меѓусебно да се обединат е ѓаволски потешко од големиот напор тоа да се постигне меѓу демократиите. Пробано е тоа „опетовано“ во историјата и се знае што, како и колку функционира.

Оваа западна мобилизација без модерен преседан веќе ги дава резултатите и тоа по „тенката линија“ на избегнувањето на директната воена конфронтација со Русија. Да, Зеленски е благодарен за западната воена, економска и хуманитарна помош и разочаран од НАТО што не сака да влезе „со чизми“ (или макар и со „позајмени“ авиони, сеедно) на украинските боишта, но треба да се потсетиме и дека кога токму Американците и НАТО со недели и месеци предупредуваа дека Русија се подготвува за воена инвазија врз Украина, Киев бараше со таквите оцени „да не се претерува“ и „да не се шири непотребна паника“, за да не се наштетува на украинските економски и други интереси… Наскоро потоа, руските тенкови ги срамнија со земја сите украински благородни надежи.

ЕДНАШ ВОВЕДЕНИ, СПОРО СЕ СИМНУВААТ

Друго е прашањето дали западните економски санкции ќе го дадат ургентниот резултат што многумина го посакуваат: олигарското (и друго) окружување на Путин да го убеди „силниот човек“ во Кремљ дека каква и да е замислената корист од руската инвазија врз Украина, тоа ни приближно не се исплати за нанесените антивоени штети во самата Русија. Тешко дека ќе ја биде таа работа така како што си ја замислува Западот, бидејќи и своите олигарси Путин ги држи доволно разединети за да може со својата милост да ги владее.

Но, „динамиката“ на тие санкции е таква што, ако не дадат резултати на краток рок, сигурно ќе дадат на среден: прашање е колку наредни децении ќе ѝ требаат на Русија за да може од нив да закрепне и да продолжи непречено да вложува (а и да биде безмилосно пљачкосувана) во сопствената имагинација дека таа е еден од „половите“ на глобалната мултиполарна моќ. Таа работа е завршена за догледна, а можеби и недогледна иднина, барем кога се агресивните меѓународни однесувања во прашање. Вклучувајќи ги и заплашувањата со „трета светска војна“. Оти сега и на дактилографките во Кремљ мора да им е јасно кого ќе го нема ако лудилото ескалира до таму таква војна да има.

Впрочем, тукушто објавениот план од 10 точки (https://www.politico.eu/article/poland-10-point-plan-save-ukraine/) од страна на Полска, Чешка и Словенија, во кој се предлага драстично радикализирање на санкциите кон Русија до нејзина потполна и сеопфатна изолација од слободниот свет говори за тоа дека во Европа е созреана свеста дека „црвените линии“ за Путин мора да се подигнат на нивото на вистинскиот „историски предизвик“ на кој инсистира Русија. Повеќе не е доволно – вели полскиот премиер Матеуш Моравјецки, потсетувајќи на зборовите на Черчил за Адолф Хитлер – само да се засрами Путин. „Пасивноста на политичарите пред почетокот на Втората светска војна не го сопреа Хитлер; само му дадоа повеќе простор за делување. Нашата задача денеска е да не ја повториме истата грешка“, вели Мазовјецки.

ДОЛГА Е ТАА УДОЛНИНА

Што нѐ води до точката во која принципот на „Раздели, па владеј“ ги достигнува самите граници на својата ефикасност: повеќето упатени воено-политички коментатори тврдат дека наредните две недели од развојот на воената руска инвазија врз Украина ќе одреди дали Путин ќе постигне некаков „обединителен“ освојувачки аргумент во своја полза, за да прифати ефективни преговори за завршување на војната. Откако „блиц-криг“ освојувачката доктрина се распадна, па се помина на конвенционалното срамнување со земја како начин нешто во Украина Русите теренски и оперативно да завладеат, во тек е руското армиско прегрупирање за да им се нанесат решавачки порази на украинските бранители. Следува нова руска воена ескалација, но тоа е единствениот начин за Путин да присака преговори, а да не биде на масата поразената страна во конфликтот.

Но, дури и да се одвиваат работите во насоката што руските генерали ја посакуваат – овие новите, кои Украинците не стигнале да ги ликвидираат или Путин да ги поапси – тоа повторно нѐ враќа на прашањето старо барем четири недели: добро, да претпоставиме дека Русија во следниот жесток воен налет ќе го окупира во Украина она што ќе ѝ успее да го освои. И, што ќе прави потоа?!

Путиновата инвазија врз Украина тргна како враќање на империјалниот сон за „руските сфери на интерес“. Таа замисла се распадна заради погрешниот пристап со „Раздели, па владеј“. Во денешниот глобализиран свет, принципот на „Обедини, па владеј“ се покажува како помодрен, поуспешен, и веројатно единствен победнички.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ