• Latest
илустрација: Зоран Кардула

Разединети во сличноста

November 8, 2020
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Разединети во сличноста

November 8, 2020 08:00
in МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
илустрација: Зоран Кардула

илустрација: Зоран Кардула

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА

На Балканот живеат народи кои споделуваат заедничка историја, кои имаат голем број сличности (јазик, традиција, религија, храна, празници…) и кои се соочуваат со многу слични проблеми (развојни, еколошки, климатски, економски…).

Ова се однесува на Балканот во целина, но и на секоја од поединечните држави кои во моментов постојат на Балканот, кои по правило се мултикултурни и мултиконфесионални од моментот на сопственото формирање и кои во принцип ги одразуваат сите овие карактеристики (во поголема или помала мера, поголем дел од нив или, најчесто, сите заедно) на национално ниво.

Оваа состојба довела до развој на два правци на реакција на овие простори.

Едниот правец е поврзан со потребата од разликување.

Големата, распространета и сеприсутна сличност во многу области и карактеристики, довела до потреба од потенцирање, па дури и преувеличување на различноста. Морало да се најде разлика во културата, јазикот, традицијата. Ако ја нема и да се измисли или конструира.  Сé со цел да се разграничиме, да се прикажеме како уникатни и единствени, поинакви.

Во процесот на потенцирање на разликите, зголемување на контрастот и барање потврда на поинаквоста, се газело и се гази на секоја можност за препознавање на блискоста и заедничкото, и се рушат дури и мостовите на комуникација, на споделување и искористување на предностите кои ги дава сличноста.

Наместо сличноста на јазиците да биде искористена како предност за воспоставување лесна комуникација и размена на информации, наместо сличноста на културите и традициите да бидат искористена за полесно градење заеднички вредности, наместо заедничките искуства и предизвици предизвикани од климатските промени да бидат основа за заеднички решенија, сите овие сличности се извор на конфликти, меѓусебно негирање, парцијализирање и меѓусебно изигрување.

Потребата од потенцирање на разликите може лесно да биде манипулирана, да биде искористена од страна на поединци и групи кои профитираат од меѓусебното негирање и омаловажување.

Може да се каже дека најголем број од конфликтите на овие простори постоеле не заради различноста (која оневозможувала луѓето да се разберат и комуницираат), туку заради сличноста (тенките граници на поинаквоста) и потребата таа да биде негирана.

Или, со други зборови, луѓето на Балканот и во одделните држави на Балканот се мразат затоа што се премногу слични.

Вториот правец е поврзан со идејата за заедништво.

Има и една друга страна на приказната. Историјата на овие простори зборува за повеќекратни обиди да се најде заеднички именител меѓу различните народи кои живеат тука, да се обединат и да ги искористат предностите кои им ги дава една или повеќе меѓусебни сличности.

Идејата била повеќе пати придвижувана од грчки, хрватски, српски, македонски, бугарски, романски, албански, политичари и визионери.

Прв пат се појавува во втората половина на XVIII, продолжува да се развива во XIX се’ до еден од најшироките проекти била идејата за федерација од Алпите до Кипар промовирана во средината на XIX век.

Идејата за заедничко живеење на овие простори започнала како идеја за заедничка борба против Османската и Австро-Унгарската империја, и се возобновувала после секој од големите светски конфликти во кои сакајќи или не, биле инволвирани балканските народи (на една или друга страна од конфликтот).

Овие предлози останале на ниво на идеи. Тие од најразлични (внатрешни и надворешни) причини не се операционализирале (освен Балканската федерација која била ставена на хартија меѓутоа не заживеала во пракса, и поранешната СФРЈ која се формирала и постоела, меѓутоа не успеала да опстои). Меѓутоа, независно од тоа што најголем број од овие идеи не го надминала стадиумот на планирање, останува фактот дека имало луѓе кои ја препознале важноста на заедничкиот интерес и можноста за обединување околу сличностите. И дека такви луѓе имало на целиот простор на Балканот и во различни периоди од развојот на државноста на одделни народи.

Проблемот на разединувањето по линијата на сличноста е присутен и денес. Од најразлични прични. На национално и на ниво на односи меѓу балканските држави.

За жал (и не ретко), сличното и заедничкото се прикажувале и прикажуваат, и се потенцирале и потенцираат, единствено во процесот на евентуална асимилација (доброволна или уште почесто, присилна), освојување на територија или пак наметнувањето на некој облик на доминација (културна, политичка, воена, …). Во ваквите ситуации стануваат “важни“ заедничките корени, заедничката историја, споделените вредности, меѓутоа, само на ниво на манипулација, со цел бришење на вистинските разлики.

Меѓутоа, и покрај овие и вакви деформации, се’ почесто се зборува за  постоење на  сличностите и заедничкиот интерес и заедничките потреби и споделувањето на сегашноста и на иднината. На национално ниво и на ниво на балканските држави.

Позитивното на актуелниот момент е дека постои шанса за обединување околу вредносен систем кој ги препознава овие сличности. Можеби, ако му дадеме шанса (вистинска шанса) на комплексот од вредности изграден во рамките на ЕУ, ќе можеме да ја прифатиме различноста како комплементарна со сличноста. На национално и на ниво на балканските држави.

Во тој момент можеби ќе престанеме да се расправаме “Чија е таа песна“ и ќе ја прифатиме како “Наша песна“.

 


Оваа содржина е дел од Иницијативата „Обединети во различноста“ посветена на промовирање на различностите како предност, богатство и квалитет на нашето општество. Иницијативата ја води ЦИВИЛ, со поддршка од Министерството за надворешни и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.


илустрација, специјално за Иницијативата „Обединети во различноста“: Зоран Кардула


Наодите, мислењата и другите онлајн содржини објавени од страна на ЦИВИЛ, односно Редакцијата ЦИВИЛ Медиа, не мора да значи дека ги одразуваат оние на донаторите или спонзорите на ЦИВИЛ и на медиумската платформа на организацијата.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ