• Latest

Разговори за сите можни опции за името

May 30, 2018
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Разговори за сите можни опции за името

May 30, 2018 07:45
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Отворени се сите можни опции за решение за името. Ниту едно име не е фаворизирано и се уште се разговара. За грчката страна решението ќе биде со име од трите предлози на Нимиц „Република Нова Македонија“, „Република Северна Македонија“ или „Република Горна Македонија“.

Експертските работни групи од Македонија, Грција и од Обединетите нации заседаваат во Атина со цел да го доработат рамковниот договор за двајцата премиери. Клучните детали за решението треба да се финализираат на средбата на двајцата премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Датумот за средбата ќе биде познат во наредните денови. Потоа ќе следат неколку фази до ратификацијата на спогодбата во двата парламента

Првиот чекор е премиерот Заев да го донесе договорот во македонскиот Параламент на изгласување, а потоа со допис Грција да го извести НАТО дека го одобрува влезот на Македонија во северноатланската алијанса. Следата фаза, на 28 и 29 јуни на Самитот на ЕУ на Заев и официјално да му биде доделен датум за почеток на пристапни преговори на Македонија со Унијата, а на 11 и 12 јули на Самитот во Брисел да следува официјална покана за влез во НАТО. Во септември или октомври, да се одржи референдум за името, потоа македонското Собрание да одобри уставна ревизија  по што договорот треба да стигне во грчкиот Парламент на ратификација.

Грчката телевизија „Скај“ вчера објави дека прашањето со ерга омнес и понатаму е разликата во позициите на двете страни.

Портпаролот на грчката Влада Димитрис Ѕанакопулос изрази оптимизам и истакна дека може да се каже дека се наоѓаме во финална линија, но оти никој не може да го предвиди исходот во толку, како што вели, сложени преговори.

– Се надеваме и оптимисти сме дека ќе успееме да го постигнеме договорот на кој работиме веќе толку долго време. Сепак, сакам да сме трпеливи, треба да бидеме трпеливи. И токму тоа го правиме. Не е важно да имаме договор, важно да имаме добар договор, рече Ѕанакопулос.

Алтернативниот грчки министер за надворешни работи Јоргос Катругалос исто така е оптимист за решение, а според него договорот е блиску.

– Се наоѓаме многу блиску до решение, а 100-те метри од патот, за кои говореше премиерот во Софија, сега станаа 50 метри. Но, треба да имаме на ум дека се уште немаме договор,  истакна Јоргос Катругалос во интервјуто за грчкото радио.

Опозициската Нова Демократија бара од грчката Влада да не даде однапред зелено светло за интеграција на Скопје во НАТО и ЕУ, а усогласувањето на договорот во иднина да биде на рати

– Нова демократија предупредува владата да не се согласи однапред за каков било договор што ќе му дава на Скопје датум за почеток на преговорите за интеграција во Европската унија и зелено светло за членство во НАТО. Незамисливо е Грција однапред да го предаде преговарачкото оружје што го поседува и да очекува во иднина усогласување на рати од страна на нашата соседна земја, вели портпаролката на партијата, Марија Спираки.

Јоргос Кумуцакос, одговорен за надворешна политика во Нова Демократија потенцира дека решението што ќе се постигне треба да биде добро решение, бидејќи, во спротивно, тие како влада одново ќе преговараат.

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров пак порача дека треба да има јасна дистинкција оти стартот на преговори не  е исто што и пристапување во ЕУ.

– Ова треба да биде признаено. Има два до три изборни циклуси помеѓу двата настана, а пристапувањето е алатка што е тука да ги помогне реформите. Ако го барате истото ниво на демократска зрелост како онаа што се бара за влез во ЕУ тогаш процесот нема смисла, изјави Димитров.

Поддршка да се најде решение на деценискиот спор било дадено од германска страна на средбата на шефовите на грчката и германската димпломатија Хајко Мас и Никос Коѕијас.

Мас го поздравил развојот на досегашниот тек на преговори и потенцирал дека Берлин со години силно се залага за решение во спорот за името.

Коѕијас информирал дека од вчера експертските работни групи од Македонија, Грција и од Обединетите нации заседаваат во Атина со цел да го доработат рамковниот договор за двајцата премиери.

(МИА)

Tags: ГрцијаЗаевиметоМакедонијаНимицопциирешениеЦипрас
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ