• Latest

Различната Тамара

July 8, 2019
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Различната Тамара

Говорот на омразата во случајот на Тамара доби безмалку епски димензии според количеството на излошените зборови, но донесе и „квалитет“ во кој, несомнено, ќе се препознаат невиден примитивизам, простотилак,  вулгарност, рурална свест, злоба, закани... – цела една палета на психички неурамнотежености, на молекуларно лудило распослано низ социјалните мрежи

July 8, 2019 14:30
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МИЛАН БАНОВ

Nomina sunt odiosa! Да, имињата се и биле омразени, дури и за глаголивиот Цицерон кој, ете, не ги споменувал тогаш кога во некои од нив ќе препознаел нешто непријатно, лошо, недостојно… И сега, ја понела ли и ја опседнала ли оваа сентенција на славниот римски говорник и нашата Тамара Тодевска кога од македонската химна го изостави делот каде се споменуваат македонските револуционери, та преполна со некој неразбирлив и натраплив анимозитет кон нив одбила да им ги спомене имињата? Всушност, го мрази ли таа Гоце Делчев?

Не, во такво нешто не верувам и дури до извесност ми се доближува претпоставката дека Тамара многу повеќе од цела една булумента набедени и октроирани патриоти (читај: националисти) ја сака својата земја, ги почитува и горда е на нејзините симболи, а сигурен сум истиот однос го има и кон споменатите револуционери. И, ќе се согласите, иста ваква увереност не така одамна (по нејзиниот настап на Евросонг)  беше населена и во главите на сета македонска популација, дури и кај оние кои деновиве со инквизициски пламен во очите на клада, вжештена од омраза, ја ставаат својата довчерашна гордост Тамара.

Се разбира, не е спорно дека на 4 Јули, во Американската амбасада, македонската химна е испеана нецелосно и дека пропустот остави непријатен впечаток. Впрочем, тоа го признава и самата Тамара Тодевска, која, како што вели во своето извинување до македонската јавност, „не постојат зборови да  ја опишам својата тага поради пропустот што го направив при пеењето на химната. Понесена од емоции и од целокупната атмосфера, за жал, ненамерно изоставив дел од химната… уште еднаш ви се извинувам за оваа грешка и се надевам дека ќе најдете простор во вашите срца да ми простите“. Но, за македонскиот бачилски колективитет во ова бушаво време,   извинувањето нема право на граѓанство, во срцата на хејтерите од нашиот сокак не останал простор за простување, а признавањето на грешката, можеби заборавноста, еуфоријата, возбудата, емоциите, можеби и тремата, нејзиното откажување на два веќе најавени концерти, се ништожни за поклониците на картезијанското „мразам, значи сум“.

Говорот на омразата во случајот на Тамара доби безмалку епски димензии според количеството на излошените зборови, но донесе и „квалитет“ во кој, несомнено, ќе се препознаат невиден примитивизам, простотилак,  вулгарност, рурална свест, злоба, закани… – цела една палета на психички неурамнотежености, на молекуларно лудило распослано низ социјалните мрежи. А тие, социјалните мрежи, проектот за глобализирање, или подобро, за тоталитаризирање на свеста, нам малите, кутри и никакви, ни овозможиле, ни отвориле широк простор на светлината на денот да ја извадиме својата полуписменост и приземност, уверени дека на тој начин сме дале смисла и содржина на нашите бесплодни животи. Истовремено, Фејсбук и Твитер ни станале, без притоа да се понесе каква било одговорност, и цел и средство за непречена циркулација на омраза произлезена од несогласувањето со нечија национална, верска, идеолошка, социјална и секаква друга различност.

И кога сме веќе кај различностите, можеби е време да се согласам дека Тамара Тодевска е различна од секој поединец кој истури грст злоба врз неа; различна што на говорот на омразата му се спротивстави со доблеста да го признае пропустот, да се извини, на омразата да не одговори со омраза  и тивко да се повлече во својот неспокој. И да, различна е не затоа што е заборавна или напати ќе направи грешка, зашто, колку што ми е познато, нема безгрешни, ами поинаква затоа што е поп-пејачка која не заглибила во фолклорниот кич (да се повикам на Данило Киш) кои нашиве националисти го нарекуваат патриотизам.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share278Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ