Социјалните работници секојдневно се среќаваат со различни проблеми, луѓе и карактери. Тоа е клучен факт на оваа кариера – на сите различни видови на луѓе им е потребна помош и поддршка. Подобрувањето на благосостојбата на членовите на заедница значи дека социјалните работници треба да бидат способни да комуницираат со луѓе од различно потекло, со различен економски статус и огромен број различни религиски убедувања. Клиентите може да зборуваат други јазици или да се „борат“ да комуницираат на друг начин. Различностите се централен фактор на успешен социјален работник и прифаќањето на истите, само ги прави подобри во тоа што го прават.
Културната компетенција е камен-темелник на супериорната социјална работа. Да се биде културолошки компетентен значи да се разберат специфичните културни, јазични, социјални и економски нијанси на одредени луѓе и семејства. Социјалните работници имаат единствена способност да ги разберат и потешкотиите со кои се соочуваат различни групи на луѓе и како нееднаквостите на сегашните социјални системи можат да имаат негативно влијание врз животот, без разлика дали се работи за луѓе со друга боја на кожа, членови на ЛГБТ + заедницата или луѓе кои се соочуваат со ментални здравствени нарушувања. Компетентните социјални работници се од витално значење за благосостојбата на заедницата и луѓето на кои им служат. Тие ги идентификуваат проблематичните ситуации и општествените граници, кои многу често се не фер, ги надминуваат јазичните бариери и ја разбираат структурата на семејната динамика помеѓу етникумите. Тие се сочувствителни на правата на старите лица, лицата со попреченост и лицата од ЛГБТ + заедницата. Културната компетентност е непроценлив аспект на социјалната работа и одлика на сите одлични социјални работници.
Оваа професија повикува на бранители на социјалната правда – верување кое звучи вистинито бидејќи социјалните работници се едни од ретките групи на професионалци кои сакаат да се спротивстават на неправдата, стереотипите и неправедностите. Основните вредности што ги поддржуваат социјалните работници влегуваат во нивниот професионален живот. Социјалните работници настојуваат да промовираат политики што овозможуваат унапредување на лицата без право на глас. Тие го поддржуваат законодавството што ги штити граѓанските слободи и ги посветуваат своите кариери на обезбедување еднаквост.
Социјалните работници имаат единствена одговорност, што ретко се совпаѓа во било која друга сфера на професионалниот свет. Тие се бастиони на промени и правда и поборници за еднакви права. Тие поддржуваат, инспирираат, ангажираат и зборуваат гласно. Социјалните работници се разновидна група од различно потекло, етничка припадност и религиозни убедувања и затоа тие се толку добри во она што го прават. На сите им треба поддршка во одреден момент, а социјалните работници се компетентни воини за социјална правда, способни да помогнат секогаш и секому.
Ирена Крџиќ