ЦИВИЛ –Центар за слобода испрати барање за информации од јавен карактер со четири прашања до Министерството за култура пред два месеци. Пред две недели доби одговор на илјадници страници.
Тимот на ЦИВИЛ веќе има одредени првични сознанија за злоупотребите во Министерството и поранешната министерка за култура Елизабета Канчевска-Милевска.
Со само површен поглед на сметките за репрезентација на Канчевска-Милевска за култура, можеме да заклучиме дека се работи за самоволие и расипништво.
Скоро секое патување, на пример, на поранешната министерка Елизабета Канчевска-Милевска го чинело министерството по 1.000 евра само за 2016 година, а скоро секое честење по ресторани не помалку од 2.500 денари.
Набргу ЦИВИЛ ќе излезе со повеќе детали за трошоците за репрезентација на Канчевска-Милевска во период од 2008 до 2016 година, што ќе го потврдат мислењето на поголемиот дел од јавноста, дека не му служела на јавниот интерес, туку на партискиот диктат и на сопствените желби и хирови.
Б.Јордановска