ЦивилМедиа на својата Фејсбук страница го постави ПРАШАЊЕТО НА ДЕНОТ: Што мислите за анкетите и мерењето на политичките рејтинзи?
Oд пораките и коментарите што пристигнаа од нашите читатели може да се заклучи дека тие не им веруваат на анкетите мерењето на политичките рејтинзи. Граѓаните сметаат дека се работи за нарачани и добро платени да одат во прилог на нарачателот:
Кога е во прашање ДПМНЕ, не верувам на никакви анкети.
Лажни! Поголемиот дел, кој секогаш биле платени од вемерото, без исклучок, лажни
Сè е лага, после толку лаги Мицко да биде со најголем рејтинг, не верувам.
Нарачки од партиските штабови.
Резултатите се според нарачателот.
Мислам дека не се потребни. Рејтингот е препознатлив спрема сработеното.Нарачка исто како во кафана, кој плаќа пие.Секоја анкета е ангажирана и мошне добро платена.Мислам дека се реални бидејќи никој нема корист за невистинити податоци.Како сакаат така си ги прават анкетите.Aко се анкетите на СДСМ се точни ако се на ВМРО се лажни!Избор на идни функционери само со тестирање, вистинити дипломи, со просек на оценка над 8 од Универзитет. Пред Стручна комисија од непартиски стручен кадар.Ништо. Не им верувам
Анкетите се алатки за политички маркетиншки манипулации.
Алатка за билдање на рејтингот на партиите и нивните лидери.Наместена работа.
Б. Ј.