• Latest
Фото: Фејсбук

(РЕАКЦИИ) Мехмети: Мирчевски е ноторен лажго и опасен манипулатор, и е срам за новинарската фела

November 2, 2023

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

(РЕАКЦИИ) Мехмети: Мирчевски е ноторен лажго и опасен манипулатор, и е срам за новинарската фела

November 2, 2023 11:22
in ВЕСТИ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Фото: Фејсбук

Фото: Фејсбук

Share on FacebookShare on Twitter

Како поранешен член на Советот за радиодифузија денешна Агенција за аудио и визуелни медиумски услуги згрозен сум, но не и изненаден од настапот на директорот на Канал 5 – Иван Мирчевски, реагира Замир Мехмети на Фејсбук за вчерашниот скандал во емисијата „Само вистина“.

„Велам не сум изненаден имајки го предвид фактот дека со дотичниот сум имал можност да дебатирам кога во Советот имавме дебата за родова еднаквост во националните телевизии и одблиску се уверив дека се работи за ноторен лажго и опасен манипулатор, кога без срам нè убедуваше дека во телевизијата каде он е директор нема никаква дискриминација, па дури дека жените се најгоре на пиадесталот, додека во исто време во Канал 5 се емитуваше шоуто на Миленко кое од почеток до крај беше преполно со говор на омраза, со расна, родова и етничка дискриминација, а директорот се правеше наудрен или „јас нисам одавде”. Во тоа време Миленко во неговата емисија ја навредуваше новинарката Мери Јордановска со најдолни зборови, ширеше невиден говор на омраза кон неа и кон други нејзини колешки и колеги новинари. Во еден момент му реков – Нели Ви е срам директоре да држите вакво лажно предавање за родова еднкавост, додека Миленко навредува и шиканира новинарки во телевизијата каде Вие сте директор? Он на тоа со наведната глава кратко одговори дека тоа шоу е од приватна продукција и они не смеат да се мешаат во уредувачката политика. Сакаше да се сокрие под едно штуро десет секундно делче пред почетокот каде се велеше дека ставовите во емисијат не се ставови на телевизијата“, истакнува Мехмети.

Тој нагласува дека „вечерва бевме сведоци дека овој човек си дозволува за право да се вмеша среде емисија и да побара почитуваниот, коректниот и умерниот Рамадани да го прикаже како националист и да побара негово остранување од емисијата и прекинување на истата“.

„И замислете да ни се продаде сите нам гледачите како отворен, неоптоварен и професионален човек и новинар, со булшити од типот јас имам многу браќа Албанци, како тоа да е нешто многу ненормално, а ете он широкиот сепак нема проблем со тоа.

Иван Мирчевски е срам за новинарската фела и фактот дека он е директор на национална телевизија говори доволно до кое дереџе за жал денес се медиумите“, наведува Мехмети во неговата реакција.

Фото: Скриншот

Инаку, директорот на Канал 5 телевизија, Иван Мирчевски се вклучи во емисијата „Само вистина“, за да му каже на гостинот, поранешниот пратеник Исмет Рамадани да ја напушти емисијата.

На Мирчевски не му се допадна тоа што го кажа гостинот, и реши да го отстрани од емисијата, ускратувајќи му го правото на слобода на говорот. Истовремено, во јавувањето Мирчевски изрази лични ставови во однос на етничките и верските односи во Северна Македонија.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ