• Latest

Реакции на повлекувањето на САД од Советот за човекови права на ОН

June 20, 2018
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025

Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Реакции на повлекувањето на САД од Советот за човекови права на ОН

June 20, 2018 17:22
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Русија го осудува „грубиот цинизам“ на Вашингтон и нивниот „презир“ кон Обединети нации по повлекувањето на САД од Советот за човекови права на ОН.

– САД уште еднаш и нанесоа тежок удар на својата репутација на заштитник на човековите права, покажувајќи презир… кон ОН и нејзините структури, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Таа додаде дека го осудува „грубиот цинизам на американските колеги кои упорно одбиваат да признаат дека во нивната земја постојат големи проблеми со човековите права“ и го обвини Вашингтон дека се обидува „да ја прилагоди структурата на Советот за човекови права на ОН на свиоте интереси“.

– Советот треба да им служи на сите земји членки на ОН, а не само на една од нив, посочи Захарова, додавајќи оти американското повлекување „не било изненадување за Русија.

Во меѓувреме и Кина изрази жалење за одлуката на САД за повлекување од Советот за човекови права на ОН, додека кинеските државни медиуми објавија дека е „на пат да се урне“ имиџот на САД како заштитник на правата

Претходно, Високиот комесар на ОН за човекови права Зеид Раад ал Хусеин изрази запрепастување поради одлуката на САД да се повлече од Советот за човекови права на Светската организација, наведувајќи дека Вашингтон би требало да го зајакне својот ангажман со оглед на се почестото кршење на човековите права во светот.

– Со оглед на состојбата со човековите права во светот денес, САД би требало да го зајакнат својот ангажман, а не да се повлекуваат, додаде Зеид.

Европската унија денеска соопшти дека одлуката на Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за повлекување на земјата од Советот за човекови права на ОН претставува „ризик да се поткопа улогата на САД како борец и поддржувач на демократијата на светската сцена“.

Портпаролката на ЕУ, Маја Коцијанчиќ соопшти дека Унијата останува „цврсто и целосно посветена“ на тоа тело на Светската органиазција со седиште во Женева, во чиј состав има 47 земји.

Во реакцијата на ЕУ се наведува дека САД „од секогаш биле во првите редови“ за заштита на човековите права и се „силен партнер“ на европскиот блок во Советот.

Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон изјави дека одлуката на САД за повлекување од Советот за човекови права на ОН е „за жалење“ и порача дека поддршката на Велика Британија за Советот останува цврста.

– Не криеме дека Британија сака реформа на Советот за човекови права, но посветени сме на работата за јакнење на Советот од внатре, нагласи шефот на британската диломатија.

Американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли синоќа соопшти дека Администрацијата во Вашингтон донела одлука се повлекување на САД од Советот за човекови права на Светската организација. (МИА)

Tags: ОНрекацииСАД
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ