• Latest

РЕАКЦИИ: „Не верувам во полицијата“ – граѓаните револтирани од корупцијата, партизацијата и двојните аршини

May 8, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

РЕАКЦИИ: „Не верувам во полицијата“ – граѓаните револтирани од корупцијата, партизацијата и двојните аршини

May 8, 2026 10:18
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

По повод 7 Мај – Денот на полицијата, редакцијата на ЦИВИЛ Медиа на Фејсбук го постави ПРАШАЊЕТО НА ДЕНОТ: Колку ѝ верувате на полицијата?, а реакциите од граѓанките и граѓаните отворија лавина од критики, разочараност и револт кон состојбите во безбедносниот систем.

Во најголем дел од коментарите доминира недоверба во полицијата, при што граѓаните зборуваат за корупција, политички притисоци, селективна правда и нефункционален систем.

„Корумпирани се сите од полицаец до началник… багра… барем 80%. Полуписмени партиски војничиња“, гласи еден од коментарите.

Друг граѓанин споделува лично искуство:

„Воопшто не верувам, имам конкретно лично искуство кое покажа дека полицијата е искорумпирана.“

Во повеќе реакции се повторува ставот дека полицајците се под политички притисок и дека не можат самостојно да постапуваат.

„И полицајците не се виновни бидејќи им се врзани рацете и не можат да постапуваат по закон. Што и да превземат, повисоките старешини тоа го блокираат по партиски или пријателски линии.“

Граѓаните остро реагираат и на, како што велат, нееднаквата примена на законите.

„Ако не беше така, законите за сообраќајни прекршоци ќе се спроведуваа без пардон за сите исто. Вака – не верувам во полицијата.“

Дел од коментарите ја опишуваат државата како систем во кој криминалците се заштитени, а институциите немоќни.

„Законот е прецизно направен за криминалците! Која демократија… ова е класична анархија!“

Сепак, меѓу бројните критики, има и реакции во кои се прави разлика меѓу чесните полицајци и раководните структури.

„Секоја чест на луѓето што се нафатиле да носат униформи.“

„Има квалитет, само не можат да просперираат од корумпираните.“

Некои од граѓаните сметаат дека довербата во полицијата е речиси идентична со довербата во судството.

„Колку и на судството – нула.“

Други, пак, велат дека сè додека институциите се партизирани, државата ќе продолжи да тоне.

„Полиција и војска не се пипаат. Сѐ додека е партиски, сѐ повеќе ќе тонеме. Кој разбрал – разбрал.“

Наместо честитки за Денот на полицијата, коментарите се претворија во силен јавен сигнал за незадоволството од состојбите во безбедносниот систем и функционирањето на правната држава.

Б. Ј.


Поддршка за ЦИВИЛ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ