ЦивилМедиа на својата Фејсбук страница го постави ПРАШАЊЕТО НА ДЕНОТ: Треба ли да се амнестираат обвинетите за случајот „Организатори на 27 април“.
Судот ја запре постапката против екс министрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, екс собранискиот спикер, Трајко Вељановски и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски за случајот „Организатори на 27 април“. Судот го прифати барањето на обвинетите по поднесокот за амнестија без да се изведуваат материјални и вербални докази.
Граѓаните со поделени мислења, едните сметаат дека се уставобранители додека други сметаат дека не треба да има амнестија за ниту едно насилство, особено не насилство во Собранието на РСМ.
- Не! Организаторите треба да добијат поголеми казни од извршителите.
- Не, тие го прекршија законот на начин многу близок до терористички акт.
- Организаторите не треба да се амнестираат. Исто така и тие што тепаа икршеа.
- Треба целото судство и обвинителство да подлежи на кривична одговорност ,но и адвокатите заедно со нив поготово овие што ги бранеа случаите од 27 април … ВО СВЕТ НЕ ПОСТОИ НИТУ АННЕСТИРАЊЕ НИТУ ПРЕИСПИТУВАЊЕ НА СУДСКА ОДЛУКА ЗА КРИВИЧНО ДЕЛО ТЕРОРИЗАМ.
- Ако некој врши терор, значи тоа е тероризам а нив никој не им е крив. Со сила никој не ги тераше да влегуваат во Собрание. И да и учк вршеше тероризам ама грујо ги помилува
- “Кад је бал нек је бал” до крај, што повеќе криминалци на слобода и во власт ќе бидеме комплетна, хармонична, криминална држава, милина.
- Не да се амнестираат туку да се ослободат од обвиненијата, има разлика.
- Нема поголеми СОНЧОГЛЕДИ од судиите, затоа сме држава со најмногу корупција и криминал!
- Апсолутно,и никогаш повеќе да не им текне,мислам видоа дека на мајките кого не им е гајле за нив.
- Во секој случај не, но ова нека е поука за сите што во иднина мислат да работаат за туѓи бели дворови, добро да размислат за да не скапуваат по затвори.
- Тие беа УСТАВОБРАНИТЕЛИ а не терористи го бранеа уставот од терористите.
- Ниедно насилство не треба да се амнестира.
Д.М.