ЦивилМедиа на својата Фејсбук страница го постави ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за користењето петарди?
Oд пораките и коментарите што пристигнаа од нашите читатели може да се заклучи дека општиот впечаток е опасноста до која можат да доведе нивното користење, нарушувањето на јавниот ред и мир, како и потребата за нивна забрана и санкционирање на тие што ги продаваат.
Не ја разбирам потребата од користење петарди.
Конечно полицијата да си ја врши својата работа и да запленува на границите. Тоа што нема да го фатат, рација на Битпазар. Нормално затвор за прекршителите на законот.
Петарди само од марката “кинжал”, за бели куќи и шампити, споменици и триумфекални порти!
Секој треба да биде свесен дека е многу опасно. Но тоа е индивидуално секој нека си одговара за сторените грешки. Мислам може и без петарди.
Петарди секогаш сме користеле, еве со мои 50 лета господови, сме правеле ќеиф, ама никогаш не сме злоупотребиле и секако дека треба убаво да се ракуваат, ама ако се говори за повреди, можеби од многу купени, а не продадени во вистински квалитет може да се случи несакани последици, секогаш биле тренд за дечиња, а искрено од искуство од угостителска дејност и кај возрасните за дочек на нови години, секако тоа сигурно и нема да запре, секој ќе најде канал за да купи некаква големина на истите…
Вработените во царина да не земаат рушвет и петарди нема да има, исто и за полицајците кои ќе фатат некој да продава, а се разбира и политичарите да не влијаат на одлуките на надлежните.
Најстрога забрана за петардите.
МВР да спречи увоз и користење на петарди. На учениците да им се одржат предавања за последиците од петардите, за да им допре до свест.
Најстрога забрана за набавка и најстрога казна за користење.
Без судење 3 месеци затвор за продавачите и родителите кои место што протестираат за плати, а купуваат пиротехника за своите деца и пендрачење – ќотекот е од бога – Македончето и Албанчето без ќотек не ги бива.
Најстрога забрана.
Нека пукаат, нека немаат раце и нозе кога сами себе поединци не знаат да си го чуваат сопствениот живот.
Веднаш да се одземат.
Да се забрани.
Да се забранат.
Строги казни, да се забрани употребата на истите.
Б. Ј.