6-тиот по ред Скопје Прајд што се одржа викендов во Скопје беше повод да го опипаме пулсот на граѓаните поставувајќи го ПРАШАЊЕТО НА ДЕНОТ: Што мислите за Парадата на Гордоста во Скопје?
За жал, најголем дел од одговорите на граѓаните беа говор на омраза, хомофобија, закани кон сограѓаните со поинаква сексуална ориентација, директни закани по животот и здравјето на ЛГБТК+ луѓето и нивните поддржувачи.
Цивил како организација која е во одбрана на човековите права и слободи, го осудува ваквиот говор на омраза, и од тие причини коментарите со ваква содржина нема да ги вклучи во денешнит осврт на реакциите на прашањето.
Ги издвојуваме малкуте коментари, кои го имаа задржано нормалното ниво на комуникација и не содржат говор на омраза:
.Горда Влада, горда парада
Сосема нормално
Во демократско општество секој граѓанин има право на своја лична определба, верска, етничка па и сексуална. Ако ми смета да ја гладам, не морам, но немам право да им забранам на нивната самоопшредлба. Секој нека си го живее ивотот како сака. Тоа се наѓи сограѓани кои на работа се солидни. Во општеството можат да бидат корисни. Па нека е
Појќе палестински знамиња имаше од македонски. Македонски дали воопшто имаше?
Македончето е малце повеќе заостанато за овие работи
Не мислам ништо…нека прават, само со осет
Глупости, го замајувате народот за потрошените милијарди
М. Д.