• Latest

Реакција на Министерството за култура по соопштението на СКРМ: Колективниот договор се почитува, платите на вработените во институциите се исплаќаат како што е уреденo со Договорот

July 29, 2022

Дерала за Алсат М: Изборите изгледаат добро само на површината – националистичката реторика буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Пентагон даде „зелено светло“ за „Томахавк“ за Украина, конечната одлука е кај Трамп

October 31, 2025

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

October 31, 2025

Полска пресретна руски разузнавачки авион над Балтичкото Море

October 31, 2025

ДИК: Да се почитува изборниот молк и сите законски процедури, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

October 31, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев. ЦИВИЛ Меида. Фото извор: ОЦЦПР

Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

October 31, 2025
Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Гласање во вториот круг на Локални избори 2025 – што треба да знаат граѓаните

October 31, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Газа ризикува да се лизне во смртоносна неизвесност на „нема војна, нема мир“

October 31, 2025

Бруталната граѓанска војна во Судан – што се случи во Ел Фашер?

October 31, 2025

Едно ливче – еден глас: Како се гарантира фер изборен процес

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Реакција на Министерството за култура по соопштението на СКРМ: Колективниот договор се почитува, платите на вработените во институциите се исплаќаат како што е уреденo со Договорот

July 29, 2022 14:14
in ВЕСТИ, КУЛТУРА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за култура, по реакцијата на Синдикат на културата на Република Македонија (СКРМ), а по повод интервјуто на министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска во емисијата „10 минути“ на ТВ21, ја информира јавноста дека министерката Костадиновска-Стојчевска ја почитува законската обврска што произлегува од Колективниот договор, и платите на вработените во институциите се исплаќаат онака како што се уредени со Договорот.

Потсетуваме дека тој Колективен договор е потпишан со негативно мислење од Министерството за финансии. И покрај тоа, Министерството за култура ги исплаќа платите во ресорот, усогласени со минималната плата.

Министерството за култура ги упатува членовите на СКРМ, пред да реагираат, да ја гледаат уште еднаш емисијата во која министерката Костадиновска-Стојчевска истакнува дека културата е за сите и се издигнува над другите гранки, и затоа очекува солидарност од сите чинители, како од вработените така и од субјектите од независната сцена, во време на енергетска и економска криза.

Министерството за култура е должно да обезбеди еднакви услови за творење на сите чинители во културата, како и за обезбедување услови за остварување на творештвото. Тоа подразбира еднаквост на правата вклучувајќи ги националните установи, другите корисници и вработените во Министерството. Со кратењето на средствата заради обезбедување плати на вработените, се создава дисбаланс во однос на средствата за егзистенција на другите корисници, што Министерството за култура е должно да го исправи.

Министерката за култура, Костадиновска-Стојчевска, во многу наврати истакнува дека вработените во установите по долги години успеале да ги остварат своите права преку Колективниот договор, кој е над законот.

Министерката за култура, Костадиновска-Стојчевска, посочува дека и во време на кризи, вработените ги остваруваат своите права и покрај заложбата на Министерството за пролонгирање на исплатата на средствата од 1 септември 2022 година, што беше одбиено, поради што упатува на што помалку сензационализам во нивните реакции.

Со оглед на тоа што Колективниот договор е истечен и е формирана  работна група која ќе работи на новиот Колективен договор, министерката за култура, Костадиновска-Стојчевска, изразува уверување дека дијалогот меѓу Министерството за култура и синдикатите ќе продолжи во конструктивна атмосфера за унапредување на работничките права во културата.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ