„Во врска со вашата денешна објава за децата што ги фотографирале во објектот „Гарнизон“. Центарот за социјална работа Куманово постапува по добиени информации усмено или писмено известување, а за конкретниот случај нема таква информација од институција или лице. Теренски проверки се прават многу често и доколку се констатира ваква состојба веднаш се по стапува согласно законските надлежности. Стручен тим од ЦСР Куманово веднаш по сознание за објавата направи увид на лице место во објектот каде во моментот не се пронајдени незгрижени малолетни деца“, реагираше Центарот за социјални работи, Куманово по објавата на веста на ЦИВИЛ Медиа „Дрогирани, бездомни деца, малтретирани животни, ѓубриште…“.
Се работи за фотографија што се појави на Фејсбук во чиј опис авторот објаснува дека не се работи за изолиран случај, а на истата локација се забележани и малтретирани животни и секаков отпад, што му дава излгед на мала депонија.
Според, авторката децата претежно се бездомници и под дејство на дрога.
ЦСР Куманово упатува и апел ваквите случаи да се пријавуваат во центарот, а тие секогаш стојат на располагање за конкретни информации и доколку постојат индиции за превземање на мерки веднаш да постапат согласно нивните законски надлежности.
Б. Јордановска
Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.