• Latest

Реакција од Галичник откако Организацијата на Србите во Македонија „Спона“ го прогласи Ѓорѓи Пулевски за „српски родољуб“

January 13, 2023

Условот е познат со години, Брисел само го повтори: Зошто Мицкоски е незадоволен?

October 3, 2026

КОЈ И ЗОШТО САКАШЕ ДА ГО УБИЕ КИРО ГЛИГОРОВ? 31 година прашања без одговор

October 3, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026
Фото: Антон Препелицjа

На која страна си ти?

October 3, 2026

Од Кукла и Некст Тајм до Дон Џони: Зошто Македониумот сега стана политички скандал?

October 3, 2026
Насловна страница: Црвените во инвазија на Полска (Chicago Sunday Tribune, 17 септември 1939)

„Заштита на малцинствата“ како алиби за агресија: Од Полска во 1939 до Украина во 2022

October 3, 2026
Роберт Рајх (Wikipedia)

Роберт Рајх: Случајот Корнел и мизогинијата во ерата на Трамп

October 3, 2026
Урсула фон дер Лајен во Скопје, 2 октомври 2026 (фото: vlada.mk)

Реакции од спротивните страни на политичката палета: Каранфилова Пановска и Андонов по посетата на Фон дер Лајен

October 2, 2026

Фон дер Лајен дојде и си замина: Што остана по љубезната размена на комплименти?

October 2, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

Ученички бунт ја тресе Франција: „Не нè слушаат“

October 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Реакција од Галичник откако Организацијата на Србите во Македонија „Спона“ го прогласи Ѓорѓи Пулевски за „српски родољуб“

January 13, 2023 13:14
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во објава од 11 јануари на порталот на Срби.орг.мк, Организацијата на Србите во Македонија „Спона“ го прогласи Ѓорѓи Пулевски за „Српски родољуб“, кој молел за помош во Белград. Истовремено, македонскиот јазик (тогаш забранет за употреба) го прогласува за дијалект (најверојатно според нив на српскиот јазик) кој подоцна станува (очигледно на нивна голема жал) македонски книжевен јазик.

Со реакција на објавата на „СПОНА – Српски културно информативни центар“ преку соопштение за јавност се јави и месната заедница Галичник ( МЗГ), која во името на секој еден Галичанец и секој Македонец сака да изрази сериозен протест за дрската и навредливата објава на Организацијата на Србите во Македонија Спона, која се однесува на великанот Ѓорѓија Пулевски.

Грабањето и крадењето на македонскиот национален идентитет со векови е „спорт“ кој го практикувале нашите соседи, а особено кога се работи за нешто што потекнува од центарот на македонската култура, уметност и столб на македонскиот национален идентитет – Галичник.

Според МЗГ, желбата да се присвои Ѓорѓија Пулевски останува само желба и за истата имаат разбирање. Големец како него ниту имале ниту ќе имаат. Останува и само желба бидејќи секој кој знае да чита ќе прочита:

„Народ се вељид људи који се од еден род и који зборувајед еднаков збор, и који живувајед и кои се другарад еден со други, и који имајед једнакви обичаји и песни и весеља, тије људите ји викајед народ, а место во које живувад народ, се вељид отечество од тои народ. Така и Македонциве се народ и местово њивно је Македонија, напишал Ѓорѓија Пулевски во Тријазичникот 1875 година.“

Од МЗГ велат дека немаат никаква потреба ниту да додаваме ниту да одземаме зборови на тоа што Пулевски напишал пред 150 години.

Изразуваме надеж дека ставот на „СПОНА – Српски културно информативни центар“ не е став на официјален Белград и не е став на пријателскиот српски народ кој има високо изградена свест дека туѓото не се р’чка, МЗГ очекува извинување од страна на СПОНА, како и од сите политичари кои се членови на оваа организација, стои во соопштението на  месната заедница Галичник

Ѓорѓија (Ѓорѓи) Пулевски (1817, Галичник – 13 февруари 1893, Софија) е македонски писател на кратки дела, лексикограф, историчар и воен водач. Пулевски е автор на првата печатена македонска граматика и автор на еден од првите речници на македонски јазик. Тој ја започнува борбата за слобода на својот народ во втора половина на XIX век, истовремено учествувајќи во ослободителната борба и на другите балкански народи. Особено е значајна неговата културно-национална дејност како учебникар, лексикограф, граматичар, поет, фолклорист, етнограф и историчар. Негово првопечатено дело е Речник од четири јазика (или четиријазичник), објавено во Белград во 1873 година.

Тоа е всушност петјазичник, бидејќи во колоната на српскиот јазик дава лексички материјал од двата блиски, но сепак различни јазика: македонскиот и српскиот.

Втората објавена книга на Пулевски е Речник од три јазика (тријазичник), објавена исто така во Белград во 1875 г. Ова дело е особено значајно поради јасната концепција и отворено изнесената идеја за татковината Македонија, за македонскиот народ и македонскиот јазик како посебни во словенскиот свет.

Д. Мишев

 

Tags: ГаличникЃорѓи Пулевскимакедонски јазикОрганизација на Срби во Македонијареакција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ