Започна третиот регионален конкурс за краток расказ „Бибер“ кој ќе трае до 10 јуни 2019 година. Оваа година покрај расказите кои го тематизираат помирувањето во контекст на наследството на војните и насилството во земјите од поранешна Југославија, во превид доаѓаат и раскази кои можат да придонесат кон подобро разбирање меѓу луѓето, кон намалување на омразата и разградување на предрасудите, антивоени раскази, раскази кои се бават со соочување со минатото, кои ја разградуваат сликата за непријателите, храбри раскази кои се осмелуваат да одат во “непријателски” чевли, раскази кои ги поместуваат границите и ни отвораат пат да градиме поизвесна, побезбедна и послободна иднина за сите.
Авторките и авторите се повикани да пишуваат на албански, македонски, босански, црногорски, хрватски или српски јазик. Повикот се однесува на афирмирани авторки и автори, како и на оние кои досега немаат објавувано.
Најмалку дваесет избрани дела ќе бидат објавени во повеќејазичен зборник. Жирито го сочинуваат Лејла Каламујиќ, Румена Бужаровска и Шкељзен Малиќи. Жирито ќе избере и три раскази кои ќе освојат награда. Одлуката на жирито ќе биде објавена до крајот на октомври 2019 година.
Конкурсот го организира тимот на Бибер со Центарот за ненасилна акција Сараево-Белград.