• Latest
Фото: Фејсбук

Регионални медиуми за студентските протести во Белград: Народот се крена, прашање е само дали Вучиќ ќе заврши како Башар ал Асад 

December 23, 2024

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер за желбата за терор и сценариото за уривање на американската демократија

October 10, 2026
Меморијал во близина на домот на Ана Политовскаја, Москва, 2006 (фото извор: Wikimedia)

„Путин не разбира дека луѓето имаат права“: 20 години од убиството на Ана Политковскаја, нарачателите сè уште непознати

October 9, 2026
Патување низ лавиринтот на европскиот сон (илустрација: ChatGPT / ЦИВИЛ МЕДИА)

Случај Северна Македонија: Земја изгубена во лавиринтот на сопствените блокади

October 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Регионални медиуми за студентските протести во Белград: Народот се крена, прашање е само дали Вучиќ ќе заврши како Башар ал Асад 

December 23, 2024 14:58
in ВЕСТИ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Фото: Фејсбук

Фото: Фејсбук

Share on FacebookShare on Twitter

Неколку десетици илјади луѓе се собраа во Белград на голем протест против популистичкиот претседател на Србија, Александар Вучиќ и неговата влада, чие цврсто владеење беше оспорено со неколкунеделните протести предводени од студентите, пишува Јутарњи лист.

Собирот во Белград, кој го организираа студентите, започна со 15-минутно молчење во чест на 15-те загинати, а меѓу присутните имаше земјоделци, актери и други граѓани од цела Србија.

Демонстрантите го окупираа плоштадот Славија и го блокираа речиси целиот центар на градот. Тие побараа оставка од премиерот Милош Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад по несреќата, како и кривично гонење на одговорните.

Студентите бараат и лицата кои ги нападнаа на претходните протести да се гонат кривично и да се повлечат обвиненијата против нивните колеги кои учествуваа на митинзите.ž

„Јутарњи лист“, како што пренесува Данас, посочува на податоци од Архивот на јавните собири, кој врз основа на достапните снимки и фотографии утврди дека на протестот се собрале меѓу 100.000 и 102.000 луѓе.

Од друга страна, посочуваат, неверојатна е оценката на МВР на Вучиќ, кое претходно соопшти дека на средбата во Белград присуствувале од 28.000 до 29.000 граѓани.

Слободна Босна протестите во Белград ги оценува како импресивни. Во текстот со наслов „НАРОДОТ СЕ КРЕНА ПРОТИВ ВУЧИЌ: Славија е преполна, импресивна сцена од протестот“ оценуваат дека се наликува на „Евромајдан во Кијив 2014. Прашање е само дали Вучиќ ќе заврши како Башар Ал Асад во Сирија “.

Реката од народ од сите страни течеше кон Славија, па беше преполна во моментот кога требаше да започне протестот. Импресивно, пишува сараевскиот портал.

Црногорски Вијести пишува дека толпата претходно извикувала: „Рацете ти се крвави“, „Вучиќ, оди си“, а по 15-минутниот молк настанала врева, односно настап со кој демонстрантите го изразиле своето незадоволство.

Учениците кои се движеа кон плоштадот развиориле транспарент: „Државата е сопственост на децата“, забележува црногорскиот портал, потсетувајќи дека пред неколку дена висок функционер на СНС, Владимир Ѓукановиќ, изјавил дека децата до полнолетството се сопственост на државата, што предизвика бурни реакции во јавноста.

И македонските медиуми пренесуваат за масовниот протест во Белград. Најсподелуван наслов на македонските медиуми „(Видео) Српската полиција: На протестот имаше помалку од 30.000 луѓе; Архивата на јавните собири: Имаше 2-3 пати повеќе“ е преземен од агенцијата Макфакс, и во текстот се наведуваат податоците за посетеноста на протестот според информациите од српското МВР и Архивата на јавните собири.

Медиумот на албански јазик Бота Сот на своите страници пренесува за масовниот протест против Вучиќ и неговата влада во Белград организиран од студентите и синдикатите на земјоделците, кој дел од поширокото движење кое бара одговорност за уривањето на покривот на железничката станица во Нови Сад, во кој загинаа 15 лица на 1 ноември, за што многумина во Србија за катастрофата ја обвинуваат распространетата корупција и лошата изработка на зградата на железничката станица, која беше реновирана двапати во последниве години како дел од сомнителните проекти во кои се вклучени кинески државни компании, информира порталот.

Драган Мишев

 

Tags: регионални медиумиСрбијаСтудентски протести
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ