Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа регистрирани се 285 нови случаи на Ковид-19 од направени 2.667 тестирања.
Речиси половина од новите случаи се во Скопје – 110, по што следат Битола – 30, Прилеп – 24, Кочани – 20, Велес – 17, Куманово – 16, Тетово – 10, Кавадарци – 9, Гевгелија – 8, Неготино – 7, Ресен – 5, Штип, Охрид, Кичево и Свети Николе – по 4, Демир Хисар и Пехчево – по 3, Богданци – 2, Струмица, Делчево, Виница, Пробиштип и Кратово – по 1.
– Регистрирани сe 328 оздравени пациенти од: Скопје – 119, Кавадараци – 26, Штип – 25, Битола – 24, Куманово – 22, Кочани – 21, Велес – 18, Неготино – 12, Прилеп и Берово – по 8, Делчево – 7, Гевгелија, Свети Николе, Виница и Пробиштип – по 5, Демир Хисар и Радовиш – по 4, Кичево – 3, Ресен и Охрид – по 2, Богданци, Кратово и Дојран – по 1, соопштија од МЗ.
Од починатите, по двајца се од Скопје (72г и 91г) и од Велес (72г и 87г), а едно починато лице е од Берово (79г). Сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин пријавени се три починати лица со датум на смрт од 22.10.2021 до 26.10.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (2) и Кочани (1), на возраст од 72-85г, од кои едно лице е починато во домашни услови, а 2 лица се починати во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.428.941 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 209.277, бројот на оздравени пациенти е 193.400, на починати 7.328, а бројот на активни случаи изнесува 8.549.